Инфо блок

Поставена: 12-06-2023 14:16  
На УКИМ
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ- ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“
Денес, во аулата на Ректоратот на УКИМ, на традиционален и свечен начин беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2021/2022 година, студенти кои покажаа високи достигнувања и резултати при студирањето.

Исто така, на редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за музичка уметност за учебната 2021/2022 година им беше врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.
Наградите на  најдобрите студенти им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.

За студирањето на најдобриот универзитет и за тоа што претставува добивањето на наградата за студентите, од името на сите добитници се обрати добитникот на наградата за најдобро дипломиран студент од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Андреј Стојановски.  

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и понатаму ќе биде отворен за нивните идни достигнувања.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје