Инфо блок

Поставена: 15-04-2024 08:48  
На УКИМ се одржа
„ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ“ И „ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА УКИМ“
Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денес, на 12 април 2024 г., со почеток во 11:00 часот до 15:00 часот, на платото на УКИМ, одбележа два настана – „Отворен ден на УКИМ“ и „Ден за кариерен развој на УКИМ“.

Свои обраќања имаа ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, раководителката на Центарот за кариера на УКИМ, проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска и претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски.

Секој од 23-те факултети и 5-те институти на УКИМ, како и вкупно 33 реномирани компании, се претставија на свој штанд пред заинтересираните средношколци – матуранти и пред студентите на УКИМ кои сакаат да се запознаат со можностите за вработување и практикантство.

На повеќе од 2000 присутни најпрвин, топло добре дојде им посака ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, која со голема гордост ја упати пораката на Отворениот ден:

„Добредојдовте на Отворениот ден на УКИМ, ден за ориентација, ориентација во избор на вашите идни професии за идните студенти на УКИМ и ден на кариера за нашите студенти кои ќе бидат идните менаџери, инженери, фармацевти, адвокати, доктори. Денес не е само уште еден ден; денес е ден кога идните студенти ќе гo видат изобилството на можностите што ги нуди УКИМ, а студентите можностите за нивното идно вработување. Тоа е момент од вашето долго патување кон успехот. И додека се движите низ овие штандови и ги разгледувате можностите поставени пред вас, запомнете дека изборот што го правите денес можеби ќе ја обликува траекторијата на вашето утре.

Светот е огромен, преполн со можности кои чекаат да бидат зграпчени. Но тоа бара храброст, одлучност и непоколеблива посветеност. Тоа бара еластичност пред предизвиците, приспособливост на промените и неуморна потрага по извонредност“.

Настанот беше интерактивен, со дискусии, насоки и советување и од претставниците на единиците и од компаниите, преку запознавање на студиските програми, можностите за стипендирање, вклученоста во научноистражувачки проекти, можностите за меѓународна размена и за студентскиот живот, со цел инспирација, насочување и помош во донесување одлука при изборот на конкретната академска средина или идниот кариерен развој во бизнис-средината. Исто така, во рамките на настанот имаше и зона за забава (со настап на студентите од Факултетот за драмски уметности и музичкиот бенд на УСС-УКИМ), како и освежување со пијалоци во зоната на Пивара-Скопје и одбрана музичка плеј-листа.

Во своето обраќање, раководителката на Центарот за кариера на УКИМ, проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, го истакна следново: „Изминатиот период интензивно работевме на унапредување на Центарот, во соработка со нашиот партнер Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности и нашите напори се насочени кон достигнување светски стандард во испорачување на кариерна поддршка како исклучително важен сервис за нашите студенти. За повеќе од 700 студенти од различни факултети, организиравме обуки, работилници и хакатони преку кои студентите ги унапредија вештините и знаењето за градење онлајн портфолио, комуникациски вештини, подготвеност за интервјуа, а стекнаа и практично искуство во дизајн и маркетинг, фриленсерство, социјално претприемништво и се впуштија во водите на стартап екосистемот. Следејќи го принципот „УКИМ за студентите, студентите за УКИМ“, задоволство ми е да го промовирам новото лого на Центарот за кариера креирано токму од нашите студенти – победници на хакатонот за брендинг и маркетинг-стратегија на Центарот за кариера на УКИМ“.

Овие два настана – „Отворен ден на УКИМ“ и „Ден за кариерен развој на УКИМ“, се одлична можност матурантите и студентите да се уверат во потврдата дека УКИМ, и за сегашните и за идните генерации, останува да биде најдобар универзитет, не само во државата туку и во регионот, бидејќи, како што напомена раководителката Тониќ Рибарска во своето обраќање, „... студентите биле, се и ќе бидат најголемиот капитал на еден универзитет, тие се идни креатори и двигатели на прогресот на општеството во целост, а УКИМ е најбитен генератор на интелигенција и квалитет во нашето општество“.


Останати вести

 

Последни новости

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје