Поканети предавања


Почитувани студенти на докторските студии на УКИМ

Согласно последните измени на водичот за докторанти на УКИМ, секој студент запишан на трет циклус ќе биде внесен во системот за управување со студенти iKnow, со што добива дигитален индентитет кој може да го користи за пристап до голем број научно истражувачки ресурси и истражувачки инфраструктури кои се престапуваат преку федерацијата на академски дигитални идентитети eduGAIN. Дополнително, секој студент на докторските студии во крајната фаза на своите студии, ќе треба да ја постави финалната верзија на својата доктроска теза во Ризнциата (репозиториумот) на УКИМ, во соодветната колекција за докторски тези.

За таа цел, на 17.05.2023 година, со почеток во 18:00 часот, на платформата MS Teams, ќе се одржи тренинг работилница со следниот дневен ред:
  1. Отворање на работилницата, проф. д-р Анастас Мишев ( )
  2. Активирање на дигиталниот идентитет на студентите на трет циклус, проф. д-р Анастас Мишев ( )
  3. Поставување на докторска теза и пропратна документација на репозиториумот, проф. д-р Војислав Саракински ( )
  4. Европски облак за отворена наука како клучна истражувачка инфраструктура, проф д-р Соња Филипоска ( )

Линк за пристапување на работилницата

Универзитетска школа на докторски студии 
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


 

Универзитетската школа на докторски студии, организира за студентите на трет циклус студии – докторски студии да го слушнат пристапното предавање во Македонската академија на науките и уметностите на професорот д-р Зоран Хаџи-Велков од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Предавањето ќе се одржи на 12.4.2023 година во 17:00 часот со помош на видеоконференциската платформа MS Teams на следниот линк.

Биографијата на професорот д-р Зоран Хаџи-Велков е дадена нa следната вебстраница:


Универзитетска школа на докторски студии 
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, организира предавање на професорот Златко Левков од Природно-математичкиот факултет, на тема Охридско Езеро минато, сегашност и иднина - Зошто Охридско Езеро е уникатно?  (Lake Ohrid past, present and future - Why Lake Ohrid is unique?) .

Предавањето ќе се одржи на 9.3.2023 година во 18:00 часот со помош на видеоконференциската платформа MS Teams на следниот линк

Биографијата на професорот Златко Левков е дадена нa следната вебстраница.


 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, организира обука за користење на алатката KNIME (https://www.knime.com/) за анализа на податоци, со визуелен интерфејс, без кодирање, што ја прави оваа платформа соодветна за луѓе од различни области. На обуката ќе биде претставен процесот на креирање на аналитички модели, почнувајќи од едноставни, до по сложени модели на машинско учење. Практично ќе бидат прикажани примери за анализа, предвидување, класификација и кластерирање на податоци од различни области, како од медицината, економијата, енергетиката и сл.  
Предавачи се вонр. проф. д-р Мирослав Мирчев и доц. д-р Александра Дединец од ФИНКИ.

За присуство на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк
     https://forms.office.com/e/y5Z93J8a6z

Поканата за обуката можете да ја најдете на следниот линк.

Универзитетска школа на докторски студии
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, организира предавање на професорот Влатко Илиески од Факултетот за ветеринарна медицина, на тема Principles of good ethical practice in the evaluation of scientific research projects using live animals.

Предавањето ќе се одржи на 17.11.2022 година во 17:00 часот со помош на видеоконференциската платформа MS Teams на следниот линк.

Биографијата на професорот Влатко Илиевски е дадена нa следната интернет страна.

Универзитетска школа на докторски студии
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, на 26.4.2022 година (вторник) ќе организира предавање во живо на професорот Бенџамин Грег од Универзитетот во Тексас.

Предавањето на тема Regulating Genetic Engineering Guided by Human Dignity, Not Genetic Essentialism ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје, во Сала за седници, со почеток во 12,30 часот.

Во прилог е краток абстракт од предавањето, како и кратка биографија од професорот. Линкот за пристап до комплетната биографија на професорот е https://liberalarts.utexas.edu/government/faculty/bggregg.

Предавањето ќе може да се следи и  on-line, преку линк на Зум:
Topic: Guest lecture "Regulating Genetic Engineering", prof. Benjamin Gregg, University of Texas at Austin
Time: Apr 26, 2022 12:30 PM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
https://us06web.zoom.us/j/86568622555?pwd=YTBxMDVPVHBRaEJEcW5CVjNseGM3dz09

Meeting ID: 865 6862 2555
Passcode: 1920

Универзитетска школа на докторски студии 
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, на 27.4.2022 година (среда) ќе организира предавање во живо на професорот Бенџамин Грег од Универзитетот во Тексас.

Предавањето на тема Containing COVID-19:A Right to Privacy versus a Human Right to Public Health ќе се одржи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во амфитеатар 2, со почеток во 17 часот.

Во прилог е краток абстракт од предавањето, како и кратка биографија од професорот. Линкот за пристап до комплетната биографија на професорот е https://liberalarts.utexas.edu/government/faculty/bggregg.

Универзитетска школа на докторски студии 
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, организира предавање на професорот Jacob Chakareski, на тема „ AI‐Enabled Next Generation Wireless Systems and Applications“

Предавањето ќе се одржи на 30.03.2022 година во 19:00 часот со помош на видеоконференциската платформа zoom на следниот линк:

Topic: Предавање проф. д-р Јаков Чакарески
Time: Mar 30, 2022 07:00 PM
Link: https://feit-ukim-edu-mk.zoom.us/j/96498461476
Meeting ID: 964 9846 1476
Passcode: IEEE3003

Биографијата на професорот Jacob Chakareski е дадена нa интернет страната www.jakov.org.

Универзитетска школа на докторски студии 
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


  
Универзитетската школа за докторски студии организира две работилници за сите студенти на трет циклус студии - докторски студии.

ПРВА РАБОТИЛНИЦА
Наслов: Основи на отворена наука
Предавачи: проф. д-р Анастас Мишев и проф. д-р Соња Филипоска
Термин: 7.02.2022 година од 18 до 20 часот
Линк: Microsoft Teams вебинар
Информација за работилницата: Предавањата на работилницата ќе дадат вовед за основите на отворената наука, како што се отворените публикации, отворените податоци, отворените методи и алатки и отворените сервиси и инфраструктура. Дополнително, ќе бидат презентирани и тековните активности во рамкките на Европскиот облак за отворена наука (European Open Science Cloud) како централна точка за отворена наука на Европската комисија. Оваа работилница е поддржана од проектот EOSC-Future.



ВТОРА РАБОТИЛНИЦА
Наслов: Отворен пристап и цитирање
Предавач: м-р Розита Петринска Лабудовиќ
Термин: 10.02.2022 година од 17 до 18 часот
Линк: Microsoft Teams вебинар
Информација за работилницата: Првиот дел од предавањето е насочено кон отворен пристап до научни трудови и податоци во електронска форма (англ. Open Access), со цел да се информираат докторандите за начинот за објавување во списанија и платформи од отворен пристап, но и да добијат информации за Creative Commons лиценците како едни од најчестите и најпознатите лиценци за отворен пристап. Вториот дел од предавањето се однесува на правилата и различните стилови на цитирање при изработка на научни трудови. Оваа работилница е поддржана од проектот NI4OS-Europe.



Презентациите од двете работилници може да се најдат на следниот линк.

Универзитетска школа на докторски студии
Претседател                         
Проф. д-р Христина Спасевска         

 

Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, организира предавање на проф. д-р Кирил Трпков од Универзитетот во Калгари, Канада, на тема „Научноистражувачка работа во Патологија

Предавањето ќе се реализира на 11.11.2021 година во 17:00 часот.
 
Предавањето ќе се одвива со помош на видеоконференциската платформа Microsoft Teams на следниот линк.

Биографијата на професорот д-р Кирил Трпков е дадена на линкот.

Во продолжение се дадени и линковите до профилите на професорот на:
Универзитетската школа на докторски студии
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

 

Универзитетската школа на докторски студии организира предавање на професорот Paul Stubbs од Економскиот институт во Загреб на 24 септември (петок) во 11 часот, со наслов Historical studies of the Welfare State in socialist Yugoslavia and on the Non-Aligned Movement.
 
Предавањето ќе се одвива со помош на видеоконференциската платформа Microsoft Teams на следниот линк.
 
Биографијата на професорот Paul Stubbs е дадена на линкот https://www.eizg.hr/about-us/employees/researchers/paul-stubbs-phd/220.
 
Универзитетската школа на докторски студии
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје