 |
К О Н Е Ч Н А Л И С Т А на примени кандидати во вториот уписен рок на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2021/2022 година
С л о б о д н и м е н т о р и Ментори при Универзитетската школа за докторски студии
|
|
Рокови за пријавување и запишување на кандидатите во академската 2021/22 година |
Рок за пријавување и запишување | Втор уписен рок | Пријавување на кандидатите | 15.12. – 22.12.2021 | Објавување прелиминарни листи | 27.12.2021 | Одлучување по приговори | 10.1.2022 | Објавување конечни листи | 17.1.2022 | Запишување на кандидатите | 24.1. – 28.1.2022 |
|
|
Начин на пријавување и запишување на кандидатите на трет циклус студии - докторски студии |
С О О П Ш Т Е Н И Е
за начинот на пријавување и запишување на кандидатите на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2021/2022 година.
|
|
Документи за пријавување |
|
|
Документи за запишување |
|
|
Важни соопштенија во врска со конкурсот |
Институтот за биологија го дава следното соопштение:
- Цената на сите административни трошоци за студирање на 3 циклус студии изнесува 3.880 евра;
- Цената на трошоците за потребните на експерименталната работа во лабораторијата изнесува 1.120 евра;
- Вкупната сума од 5.000 евра се плаќа на 6 еднакви рати (во текот на 6 семестри).
Институтот за хемија го дава следното соопштение: Материјалните трошоци за истражувањето на темата изнесуваат 1000 € (во денарска противвредност), а се исплаќаат на четири еднакви рати од вториот до петтиот семестар.
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, го дава следното соопштение: - Од вкупната сумата од 5.650 евра која се уплатува за трет циклус студии, 250 евра се уплаќаат на Школата за докторски студии при УКИМ и 5.400 евра се уплаќаат во 6 еднакви рати во текот на 6 семестри (секој семестар по 900 евра).
- Како дополнителни трошоци за студентите, а во врска со истражувањето на темата е статистичката обработка на податоците за потребите на докторскиот труд, која во зависност од потребите е според ценовникот на Центарот за анализа и обработка на податоците при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија го дава следното соопштение: Материјалните трошоци за истражување на темата, зависат од природата на истражувањата (аналитички, експериментални или комбинирани). Природата на истражувањата се дефинира во пријавата за изработка на докторскиот труд, т.е. во предлог-докторскиот проект.
ЈНУ Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ го дава следното соопштение: Материјалните трошоци за истражување на темата зависат од природата на истражувањата и потребата од теренски материјал. Природата на истражувањата и потребата од теренски материјали се дефинира во пријавата за изработка на докторскиот труд т.е. предлог-докторски проект.
|
|