Странски студенти


Кандидатите за запишување на прв циклус студии кои се странски државјани и кои целокупното средно образование го завршиле во странство, се запишуваа под истите услови и критериуми утврдени во Конкурсот за сите кандидати, во квотите утврдени за овие категории студенти.

За кандидатите странски државјани кои немаат познавања на македонскиот јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира подготвителна настава за изучување на македонскиот јазик. Подготвителната настава се организира во траење од по три месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот семестар и се реализира според посебна програма изготвена од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

По успешно завршување на подготвителната настава и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот, со што стекнуваат право за пријавување за запишување на факултетите на нашиот Универзитет

Пријавување на странски студенти за запишување на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
 

  1. При пријавувањето, кандидатите доставуваат:
    • пријава за запишување (образец А1)
    • електронска пријава (од iKnow-системот)
    • нострифицирано свидетелство за завршено средно образование
    • заверен превод на изводот од матичната книга на родените
    • сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) и
    • уверение за здравствената состојба (издадена од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

Рокови


Прв рокВтор рокТрет рок
Пријавување на кандидатите30.8. и 31.8.202215 и 16.9.202228.9.2022
Запишување на кандидатите12. и 13.9. 202226.9.202230.9.2022


Kандидатите се пријавуваат на електронската адреса evdokijailijevska@ukim.edu.mk