Стипендии

За студенти чие родителско право го врши само еден родител 

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 270. седница одржана на 19.4.2022 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2022/2023 година (линк)

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2022/2023 година. (линк)


За студенти запишани во прва година на прв циклус студии 

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 21. седница одржана на 31.5.2022 г. донесе Одлука да се доделат  240 стипендии, распоредени по 10 за секој факултет, наменети за студентите запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/2023 година. (линк)