Промоции и конференции на УКИМ

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА 
            На малата сцена на Македонскиот народен театар во Скопје, на 11 ноември 2021 година, со почеток од 19 часот, се одржа промоција на монографски изданија  на Институтот за македонска литература, годинешен добитник на високото признание, наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. 
тука сликата
На средбата беа промовирани четири изданија на Институтот за македонска литература, кој неодамна го прослави јубилејот 40 години од своето основање, и тоа:
„За песните и приказните“ од проф. д-р Наташа Аврамовска, 
„Магичен реализам: нова објективизација на стварноста“ од проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, 
„Античката литература во македонската културна средина (културно-општествени и преводни аспекти)“ од проф. д-р Дарин Ангеловски и 
„Од Прличев до Конески“ од проф. д-р Славчо Ковилоски. 
За особеностите и вредностите на овие книги промотивни излагања имаа проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, проф. д-р Елена Џукеска и м-р Марина Цветаноска, а модератор на средбата беше Елена Кузманов.
В.д. директорката на Институтот, проф. д-р Наташа Аврамовска, истакна дека „Институтот за македонска литература во Скопје, секоја година остварува богата и значајна издавачка дејност, која во иднина ќе се настојува да биде повидлива и достапна за пошироката публика. Во наредниот период ќе бидат претставени списанијата, кои ги одбележуваат значајните годишнини, 100 години од раѓањето на Блаже Конески и Коле Чашуле, како и зборникот од значајниот билатерален проект со Факултетот за литература при Истанбулскиот Универзитет. 


КОНФЕРЕНЦИЈА 
Дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција во Западниот Балкан

Хибридната конференција " Дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција во Западниот Балкан " се одржа во Скопје,9-11 Декември 2021. 

Конференцијата беше организирана од Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисиja  во соработка со: 
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (FAO), 
Глобалното управување со гео-просторни информации на Обединетите Нации (UN GGIM) и
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). 

Цели:
• да истражи како дигиталните технологии, податоците и вештачката интелигенција влијаат на промените во општеството,
• следење на амбициите на Европа да стане светски водечки регион за развој и примена на вештачка интелигенција во глобален контекст,
• поттикнување и афирмирање на овие технологии во регионот  на Западен Балкан, со цел усвојување и корист од истите.  


 

Последни новости

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!