Република Северна Македонија

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 

Собрание на Р. Северна Македонија

Република Северна Македонија се протега на централниот дел на Балканскиот Полуостров, на површина од 25.713 км2, и се граничи на север со Србија, на северозапад со Косово, на југ со Грција, на исток со Бугарија, а на запад со Албанија. Со ваквата географска местоположба, Република Северна Македонија претставува значајна крстосница и низ историјата на нејзината територија се вкрстувале разни цивилизации, религии и култури.

Според податоците од последниот попис во Северна Македонија живеат околу два милиона жители.

Главен град на Република Северна Македонија е Скопје, кој претставува најголем политички, економски, образовен и културен центар.

Северна Македонија е претежно планинска земја, со извонредни природни богатства и убавини. Во Северна Македонија има 34 планински врвови со над 2.000 метри надморска висина кои се богати со вегетација. Планините и планинските венци се испреплетени со бројни зелени котлини и долини. Влијанијата на медитеранската и континенталната клима овозможуваат висока плодородност на обработливата површина, развој на сточарството, а исто така, и можности за развој на летен и зимски туризам. Северна Македонија е и земја на езера кои претставуваат нејзино големо природно богатство и главен туристички потенцијал. Во јужниот дел на Северна Македонија се протегаат 3 големи тектонски езера: Охридското, Преспанското и Дојранското, кои со својот раскошен природен амбиент и со низата атрактивни рекреативни елементи претставуваат афирмирани туристички центри. На територијата на Северна Македонија постојат 15 вештачки акумулациони и 25 глацијални езера сместени во највисоките делови на планинските масиви формирани уште за време на ледената доба. Зимските центри, Попова Шапка, Бистра-Маврово, Крушево, Пелистер, Пониква и Голак со прекрасните живописни терени, погодни за зимски спортови, се вбројуваат меѓу најубавите планински центри.

Северна Македонија располага со огромно културно-историско наследство. Поради големиот број археолошки локалитети кои доминираат од античкиот период, таа со право го носи епитетот - волшебна земја на археологијата. Исто така, таа изобилува со голем број средновековни манастири и цркви, кои претставуваат врвни дела на старите градители, иконописци, фрескосликари и копаничари, како што се манастирите: Св. Јован Бигорски - Гостиварско, Марков манастир - Скопско, Св. Пантелејмон - Скопје, Лесновскиот манастир, Св. Наум Охридски - Охрид; црквите: Св. Софија - Охрид, Св. Спас - Скопје, Св. Ѓорѓи Архангел - с. Курбиново, и многу други манастири и цркви. Отоманската империја, исто така, оставила свој белег на овој простор со бројните џамии, амами и безистени.

Во Северна Македонија постои традиција за негување на македонскиот фолклор, кој се одликува со богатство, шареноликост и разновидност и тој претставува сликовит израз на духот и начинот на живеење на македонскиот народ.

 

Последни новости

23-09-2022 - Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ ја потпишa новата Магна Карта на универзитетите - Magna Charta
РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ВО ТЕРМИНОТ ОД 15 И 16 СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА, УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈУБИЛЕЈНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОЛОЊСКАТА ОБСЕРВАТОРИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БОЛОЊА

22-09-2022 - Интеруниверзитетска конференција на Република Северна Македонија
ПРОФ. Д-Р АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ, ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИКРСМ

21-09-2022 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
За избор на најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2021 година

21-09-2022 - Пријавувањето за втор и трет циклус студии е во тек
Пријавувањето за запишување на втор и на трет циклус студии е во тек

18-08-2022 - Јубилејна 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
УЧЕСТВО НА ШЕЕСЕТ СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ДРЖАВИ

08-08-2022 - Отворен ден на УКИМ
ФАКУЛТЕТИТЕ ГИ ОТВОРААТ ВРАТИТЕ ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ