Меѓународни научни конференции

50. Меѓународна научна конференција 

Во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, секоја година се организира Меѓународна научна конференција, на којашто странските и македонските македонисти, слависти и балканисти ги соопштуваат своите истражувања од областа на јазикот и литературата.

Општа тема на 50. меѓународна научна конференција
Македонскиот јазик и македонската литература и култура наспроти другите јазици, литератури и култури при УКИМ во Скопје

Теми за лингвистичката секција на 50. Меѓународна научна конференција – Охрид, 2023

1. Македонскиот јазик наспроти другите јазици
Современи и историски проучувања од различни области на македонскиот јазик (фонетика, фонологија, морфологија, лексикологија, лексикографија, зборообразување, фразеологија, синтакса, текст-лингвистика, ономастика, дијалектологија, стилистика и социолингвистика).
Проучувањата можат да се однесуваат само на состојби во македонскиот јазик или споредбено да претстават јазични состојби во македонскиот наспроти друг јазик/други јазици, словенски и несловенски.

2. 120 години „За македонцките работи“
Темата е поврзана со 120-годишнината од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков.
Во нејзини рамки предлагаме поттеми што ги поставуваат во широк јазичен и лингвистички контекст, на современ и на историски план, погледите на Крсте П. Мисирков за македонскиот литературен јазик, претставени во последната статија од оваа книга – Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик.

  Поттеми:
  • Мисирков во контекст на стандардизирањето на македонската јазична норма
  • Актуализација на Мисирковите погледи за македонскиот литературен јазик
  • Јазикот и стилот на Мисирков низ призмата на современите лингвистички проучувања
  • Односот на Мисирков кон историјата и дијалектологијата на македонскиот јазик
  • Традицијата и подновувањето во јазичното планирање на македонскиот јазик
  • Современи промени во развојот на македонскиот стандарден јазик
  • Македонскиот јазик во минатото и денес (јазични и стилски разновидности)
  • Иновациски процеси во македонските дијалекти

3. 100 години од раѓањето на Ацо Шопов
Во рамките на темата поврзана со 100-годишнината од раѓањето на поетот Ацо Шопов, ги предлагаме следните поттеми:
  • Јазикот и стилот на Ацо Шопов
  • Ацо Шопов на други јазици.
Координатор проф. д-р Гордана Алексова


Теми на секцијата за литература и култура

1. Македонската литература и култура наспроти другите литератури и култури
  Насоки:
  • Компаративните проучувања на литературните и на културните проникнувања, како во историскиот континуитет така и во современоста, преку следење на македонските литературни и културни феномени во корелација со останатите литературни и културни контексти.
  • Истражувањето на македонската литература и култура во доменот на интердисциплинарните проучувања – филозофско-социолошки, техничко-технолошки, биополитички и др. согледувања.

2. Преродбеникот Крсте Петков Мисирков
По повод 120-годишнината од објавувањето на делото „За македонцките работи“, предлагаме тема која се однесува на дејноста на истакнатиот преродбенски деец Крсте Петков Мисирков.
  Насоки:
  • „За македонцките работи“ од Мисирков во македонскиот историски, литературен и културен континуитет.
  • Интеркултурни релации – проникнувањето на дејноста на Мисирков со другите литературни и културни традиции.
  • Дејноста на Крсте Петков Мисирков во поширокиот општествено-политички контекст.

3. Ацо Шопов како парадигма во македонската литература
По повод значајниот јубилеј – 100-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски поет Ацо Шопов, предлагаме тема која се однесува на истражувањето на неговото творештво од повеќе аспекти.
  Насоки:
  • Поезијата на Ацо Шопов во историски и во современ контекст, како и во корелација со словенските, европските и со светските литературни и културни традиции.
  • Преведувачката дејност на Ацо Шопов.
  • Статиите и есеите на Ацо Шопов.
  • Творештвото на Ацо Шопов низ призмата на критиката и на творечките и/или преведувачките пројави.
Координатор: проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова


Пријава


 

Последни новости

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!