Meѓународни проекти

Нови меѓународни проекти 

PARFORCE: Партнерство за виртуелни лаборатории во студиските програми по градежништво 

Во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата за стратешки партнерства во дигиталното образование, формирано е стратешко партнерство помеѓу Bauhaus University Weimar (BUW), Ruhr University Bochum (RUB), University Aveiro (UA), University Osijek (UNIOS) и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), во проектот PARFORCE: Партнерство за виртуелни лаборатории во студиските програми по градежништво.

Основната цел на PARFORCE е развој на заедничка платформа за виртуелни лабораториски експерименти како поддршка на високото образование од областа на градежништвото во Европа. Фокусот е различни лабораториски експерименти, кои не се дел од стандардното образование на градежните факултети и се реализираат во специфични институции, да станат виртуелно достапни на идните генерации на студенти по градежништво.

Целни групи се студентите по градежништво на Универзитетите во Европа, наставниците од партнер универзитетите, како и пошироката академска заедница.
Резултатите и искуствата од проектот ќе бидат дисеминирани на различни национални и интернационални настани, во форма на презентации и публикации.

За повеќе детали посетете го Bauhaus-Universität Weimar: Strategic Partnerships (ERASMUS+) (uni-weimar.de).

______________________________________________________________________________

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје учествува во проект за зајакнување на иновациите и претприемништвото, финансиран од Европскиот институт за иновации и технологија

Иновации и претприемништво во домените на дигитална трансформација, циркуларна економија и одржлив развој

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” е дел од проектот ПРОМЕТЕЈ – еден од 23-те одбрани проекти на пилот-повик чија основна цел е да се изнесе на површина европскиот потенцијал за иновации.

Проектот е финансиран од Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), во рамки на ЕИТ иницијативата за високообразовни институции: Градење на капацитети за иновации во високото образование, а негова основна цел е развој и споделување на поддршка за иновации и претприемништво во областа на дигиталната трансформација, поврзана со циркуларна економија, климатски промени и одржлив развој.
Иницијативата е дел од Стратегијата на ЕИТ 2021-2027 и цели да им помогне на високообразовните институции да изградат капацитети за развој на иновации и да го вклучат претприемничкото учење во наставните програми. Поконкретно, иницијативата се стреми да ги охрабри овие институции да развиваат конкретни активности базирани на сопствени практики, со кои ќе го зголемат влијанието врз екосистемите на кои припаѓаат. 

ПРОМЕТЕЈ е финансиран од програмата Хоризонт Европа и поттикнува институционален ангажман и развој на иновативни и одржливи услуги во првата фаза, по што следува приклучување кон втората фаза на имплементација.

Во рамки на проектот, УКИМ ќе соработува со следниве партнери:
  • Егејски универзитет - истражувачка единица, ГРЦИЈA, водечки партнер
  • Универзитет во Твенте, ХОЛАНДИЈА
  • Универзитет „Ла САПИЕНЦА“ од Рим, ИТАЛИЈА
  • Универзитет во Патра, ГРЦИЈА
  • Национален институт за истражување и развој на биоресурси за храна, РОМАНИЈА
  • Европска регионална рамка за соработка, ГРЦИЈА
  • Компанија Crowdpolicy, ГРЦИЈА

Главните проектни цели се поврзани со:
  • развој на партнерства меѓу високообразовни институции, истражувачки организации и бизнис институции;
  • развој на висококвалитетни образовни програми од областа на иновации и претприемништво во циркуларна економија;
  • развој на алатки и услуги за поддршка на иновациите и претприемништвото.

Тековни меѓународни проекти 


Реализирани меѓународни проекти 



 

Последни новости

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!

15-04-2024 - На УКИМ се одржа
„ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ“ И „ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА УКИМ“

28-03-2024 - Амбасадата на САД во Скопје
ОБЈАВИ ПОВИК ЗА СТУДЕНТСКА ПРАКСА