Универзитет

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Северна Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 7 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје постојат студиски програми во сите научни области - природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравствoто, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите. Истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот.  

Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени повеќе од 28.400 студенти во прв и 1100 студенти во втор циклус на студии. Третиот циклус - докторски студии се реализира во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ, со вкупно 1071 студенти. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработнички, како и административни кадри.

Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 134.600 високостручни кадри, над 13.800 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.

Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности, организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично.


 

Последни новости

20-05-2022 - Со положување свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј
ОДБЕЛЕЖАНИ 73-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

20-05-2022 - По повод 75 години Институт за педагогија при Филозофскиот факултет
ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНИЦИЈА ВО ОХРИД

20-05-2022 - Економскиот институт во Скопје
ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО

19-05-2022 - Во Ректоратот на УКИМ
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

13-05-2022 - Програма
ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

12-05-2022 - На Економскиот институт во Скопје
СВЕЧЕНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 70-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

09-05-2022 - На техничкиот кампус на УКИМ
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА GREDIT 2022

21-04-2022 - Macedonian Veterinary Review
КЛАСИФИЦИРАН ВО ESCI НА WoS

21-04-2022 - Од активностите на Бизнис акцелераторот

14-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКИ - 14.4.2022

12-04-2022 - На УКИМ
НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!

07-04-2022 - Зборуваме отворено за наука
„НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!“

05-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКА

24-03-2022 - На МТВ
ЕМИСИИ ЗА „ОТВОРЕНА НАУКА“