Универзитетски весник

Универзитетски весник 

Насловна страна на првиот број на Универзитетски весник

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во јануари 1976 година го издаде првиот број на Универзитетски весник. Првото универзитетско гласило под наслов „Зошто излегуваме?“ го претстави тогашниот ректор на Универзитетот, акад. Димитар Митрев.

Првиот број на Универзитетски весник излезе во годината во која Универзитетот одбележуваше 30-годишно високо образование во Северна Македонија и 27-годишна успешна работа на Универзитетот.

Може слободно да се каже дека Универзитетски весник претставува дневник на остварувањето на мисијата на Универзитетот и продолжување на замислата на тогашниот ректор Димитар Митрев: „...со ова гласило да се пополни празнината за информации од дејноста на високошколските установи“.

На оваа страна може да се преземат електронските верзии на последните броеви на Универзитетскиот весник.

Електронска архива на Универзитетски весник 


 

Последни новости

23-09-2022 - Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ ја потпишa новата Магна Карта на универзитетите - Magna Charta
РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ВО ТЕРМИНОТ ОД 15 И 16 СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА, УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈУБИЛЕЈНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОЛОЊСКАТА ОБСЕРВАТОРИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БОЛОЊА

22-09-2022 - Интеруниверзитетска конференција на Република Северна Македонија
ПРОФ. Д-Р АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ, ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИКРСМ

21-09-2022 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
За избор на најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2021 година

21-09-2022 - Пријавувањето за втор и трет циклус студии е во тек
Пријавувањето за запишување на втор и на трет циклус студии е во тек

18-08-2022 - Јубилејна 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
УЧЕСТВО НА ШЕЕСЕТ СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ДРЖАВИ

08-08-2022 - Отворен ден на УКИМ
ФАКУЛТЕТИТЕ ГИ ОТВОРААТ ВРАТИТЕ ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ