Инфо блок

Поставена: 05-05-2024 22:31  
По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Во годината кога го чествуваме големиот јубилеј 75 години од основањето на најстариот државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и кога одбележуваме неколку значајни јубилеи на великаните на македонската наука и култура: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, кои УКИМ, со низа активности ги одбележува - го славиме 5 Мај, Денот на македонскиот јазик.

На овој голем ден, на 5 мај 1945 година е објавена и озваничена македонската азбука со Решение за македонската азбука. Кодификацијата на македонскиот јазик е направена со Одлука на АСНОМ на 2 август 1944 година. Со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а на 7 јуни истата година е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Потоа следуваат и основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик и наука за јазикот, Блаже Конески: Граматика на македонскиот јазик, Речник на македонскиот јазик и Историја на  македонскиот јазик, со што се заокружува кодификацијата на македонскиот јазик.

Достојни на древната традиција на епохалните сесловенски просветители Светите Кирил и Методиј, понесени и доследни на нивната грандиозна мисија, поучени од нивните верни ученици, големите Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски, ги следиме постулатите на Охридската книжена школа и традициите на: описменување, просветителство и развој на филолошката наука. Дека УКИМ е потомок на научната филолошка дејност на творците на словенската писменост, наука и култура, докажа и големата 57-годишна мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, која докажа дека Семинарот е достоен наследник на Кирилометодиевската дејност и на Климентовиот центар на Плаошник, и дека неговата мисија може да се препознае во нивните визии и постулати.

Како Универзитет кој во себе обединува филолошко-културолошка дејност, преку дејноста на неколку институции, како: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институт за литература, Институт за фолклор, како и други институции кои имаат содејства со филологијата, лингвистиката, книжевноста и културата, доследно, студиозно и посветено ја следиме, развиваме и растеме голмата традиција на која се надоврзуваат и надградуваат идеите на првоучителите, просветителите, а потоа и на: Мисирков, Рацин, Конески и цела плејада домашни и странски македонисти. Импресивната дејност на странските македонисти, веќе 57 години  ја развива, афирмира и поддржува МСМЈЛК при УКИМ во Скопје. Македонистичката филолошка школа која во светот ја развива Меѓународниот семинар, но и преку дејноста на Летната школа во Охрид, и Зимската школа (на далечина), досега привлече над 4 000 македонисти, слависти и филолози од целиот свет, од над 60 земји.  

На овој свечен ден за македонскиот јазик, време е да се посветиме на мислата водилка на големиот Крсте Мисирков: „(...) јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго. Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите прадедовци и да почитува сé што имаат тие направено за своето потомство. Да се откаже човек од својот народен јазик, значи да се откаже тој од народниот дух.

Во тој дух, понесени од идеалите на нашите великани кои имале јасна визија за македонскиот јазик, идентитет и култура, УКИМ, како најстар, најуспешен, реномиран,  отворен и современ универзитет, искажува гордост што е достоен афирматор, поддржувач на македонистичката научна дејност преку развој и раст на науката за македонскиот јазик, литература и култура.

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик - столбот на нашиот идентитет, нашиот дом, нашата татковина и нашиот скапоцен завет. Завет кој може да се сфати како прекрасен творечки и научноистражувачки процес, кој имаат можност да го запознаваат, развиваат, истражуваат, афирмираат и иновираат следните генерации. Кај нас и во светот.

УКИМ, во својот 75-годишен развој и подем, е темелен истражувач, афирматор, но и верен чувар на јазикот како врвно национална богатство и суштина на нашиот идентитет и култура.

проф. д-р Биљана Ангелова, ректор
Останати вести

 

Последни новости

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје