Заштита на укажувачи

ПОЛИТИКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ 


Со цел спречување на корупција во академската заедница во приложената Нацрт-политика за спречување на корупција на Универзитетот определени се обврските и должностите на Универзитетот, како и на единиците во неговиот состав и на вработените вклучително наставниот, соработничкиот и административниот кадар на Универзитетот.

  1. Универзитетот презема обврска за спроведување на политика на нула-толеранција кон корупцијата, се обврзува да постапува професионално и чесно, со интегритет и да имплементира систем на заштита од мито и корупција.
  2. Универзитетот е посветен кон примена на највисоките стандарди на отвореност, интегритет и одговорност. Својата дејност ја извршува одговорно и отчетно, врз основа на законите и Статутот на Универзитетот, како и Етичкиот кодекс на Универзитетот.
  3. Универзитетот има обврска да им обезбеди можности на студентите, вработените и други лица за заштитено внатрешно пријавување.
  4. Универзитетот изработува и имплементира систем за детектирање и пријавување на корупција.
  5. Универзитетот соработува со медиумите со цел обезбедување на отвореност и транспарентност на својата работа.
  6. Универзитетот целосно ги применува механизмите за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица.
  7. Универзитетот спроведува тренинзи за своите вработени со цел нивна обука за запознавање со механизмите за справување со корупција и запознавање со нивните обврски во таквите околности.

Нацрт политиката и другата приложена документација е изработена во рамките на проектот „Универзитет без корупција“ кој со учество на претставници на Универзитетот се реализира од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација во Скопје со поддршка на Амбасадата на САД во Р Северна Македонија.
Овластено лице за прием на пријави од укажувачи:
Александра Донева
Сметководител/самостоен референт за сметководствени работи
(02) 3293-273
a.doneva@ukim.edu.mk

 
Документи
1 Прирачник за примена на Законот за заштита на укажувачи
2 Нацрт универзитетска политика
3 Образец за пријавување
4 Закон за заштита на укажувачи (пречистен текст)
5 Флаер

 

Последни новости

31-05-2024 - 8-ми Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА УКИМ НА РЕКТОРСКИОТ ФОРУМ КОЈ СЕ ОДРЖУВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО САРАЕВО

28-05-2024 - Предавање
НАСЛОВЕНО „ЗА ТРИТЕ СВЕТА“ НА ПРОФ. Д-Р ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

24-05-2024 - На платото во Универзитетскиот кампус на општествени науки
БУКЕТИ СВЕЖНО ЦВЕЌЕ ПОЛОЖИЈА И СЕ ПОКЛОНИЈА РЕКТОРСКАТА УПРАВА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ И ДРУГИ ГОСТИ

24-05-2024 - Концерт на АКУД „Мирче Ацев“
СО КОНЦЕРТОТ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ЗБОГАТЕНА ПРОГРАМАТА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНАТОТ И 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА УКИМ

23-05-2024 - УКИМ прославува 75 години постоење
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА

21-05-2024 - УКИМ ги награди најдобрите студенти
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

14-05-2024 - Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс
УКИМ ГО НАЈАВУВА ПРЕДАВАЊЕТО:

14-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 16 ДОКТОРИ НА НАУКА

13-05-2024 - На УКИМ
ПРОМОВИРАНИ 22 ДОКТОРИ НА НАУКА

10-05-2024 - На УКИМ
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ ОД ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ

05-05-2024 - По повод
5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

02-05-2024 - Од темелите на знаењето до иднината на иновациите
ПРОСЛАВУВАМЕ 75 ГОДИНИ!