е-Издаваштво и дигитална библиотека


Е-издаваштво, дигитална библиотека и преводи на Владата 

Согласно со чл. 22, став 5 и чл. 25-а од Правилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (пречистен текст, Универзитетски гласник бр. 264 од ноември 2013 година) и Одлуката за  издавање на учебници во електронска форма (бр. 11-469 од 5.3.2014 година), Универзитетот започнува со објавување на учебниците и учебните помагала во електронска форма.

Учебниците и учебните помагала за кои претходно е добиена согласност од авторите, се објавуваат на интернет страницата на УКИМ со отворен пристап.

Архитектонски факултет 


Градежен факултет 


Факултет за електротехника и информациски технологии 


Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство 


Машински факултет 


Технолошко-металуршки факултет 


Природно-математички факултет 


Стоматолошки факултет 


Фармацевтски факултет 


Економски факултет 


Правен Факултет „Јустинијан Први“ 


Филозофски факултет 


Филолошки факултет „Блаже Конески“ 


Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ 


Факултет за физичко образование, спорт и здравје 


Факултет за земјоделски науки и храна 
 

Факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер 


Факултет за ветеринарна медицина 


Факултет за драмски уметности 



ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА „ПРЕВОД НА 1000 СТРУЧНИ, НАУЧНИ КНИГИ И УЧЕБНИЦИ“
- достапност во библиотеки -
 

Преводите на 1000 стручни, научни книги и учебници кои се направени во рамките на проектот на Владата на Република Северна Македонија и кои му се доставуваат на Универзитеот се  дистрибуираат согласно нивната тематика и потребите во библиотеките на единиците во неговиот состав. Со следење на линкот подолу може да се добие преглед на сите изданија доставени до Универзитетот и нивната достапност, број на примероци и јазик во рамките на поедините библиотеки кај факултетите и институтите - членки на Универзитетот. Освен тоа, во прегледот се вклучени и сите учебници и учебни помагала - изданија на Универзитетот и нивната достапност кај единиците почнувајќи од 2008 година.

Прегледот овозможува филтрирање посебно само на преводите во рамките на проектот на Владата, како и пребарување по еден или повеќе клучни зборови по сите колони на прегледот.