Настава и студенти

НАСТАВА И СТУДЕНТИ 

Наставната дејност и создавањето квалитетни академски кадри се врвен приоритет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Универзитетот со целата своја комплексност и сеопфатност цели кон консолидација и воспоставување соодветен баланс помеѓу квалитетот на наставната дејност и учењето, научноистражувачката дејност, како и релацијата со општеството.
Осовременувањето и воведувањето нови студиски програми во трите циклуси на студии е континуиран процес. Целта е унапредување на наставно-научниот процес и следење на потребите на стопанството и современите текови на образованието во глобални рамки, како и интересот на студентите. Зголемувањето на мобилноста и привлекувањето странски студенти се поттикнува со развивање студиски програми на англиски јазик, како и овозможување на одделни студиски програми наставата да се одвива на англиски јазик.

УКИМ е единствениот универзитет во државата, кој во своите рамки ги обединува сите подрачја: природно-математички, техничко-технолошки, медицински науки и здравство, биотехнички, општествени, хуманистички науки и уметности.
Со имплементацијата на болоњскиот процес, Универзитетот се фокусира на развој и ефикасност на наставната дејност и учењето, континуирано подобрување и иновирање на студиските програми, во согласност со националните и интернационалните стандарди. Единиците на УКИМ се водат од принципот студентот да биде во центарот на образованието, комбинирајќи настава, учење и континуирано оценување во рамките на спецификите и компетенциите. Започнат е и процес на модернизација на наставата со воведување на ИТ-технологии, е-учење и нови електронски алатки за пренесување знаења.

Во односите со своите меѓународни партнери, УКИМ има воспоставено соработка и заеднички програми за образование, двoјни и заеднички дипломи, како и истражувачки проекти во европските програми и билатерални партнерства, размена, мобилност, организација на научни и други академски настани.  

Сите студиски програми на прв (додипломски), втор (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии (536) се приспособени кон болоњскиот процес и се усогласени со законската регулатива на Република Северна Македонија. Тие редовно се акредитираат и реакредитираат од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

 

Последни новости

23-09-2022 - Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ ја потпишa новата Магна Карта на универзитетите - Magna Charta
РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ВО ТЕРМИНОТ ОД 15 И 16 СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА, УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈУБИЛЕЈНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОЛОЊСКАТА ОБСЕРВАТОРИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БОЛОЊА

22-09-2022 - Интеруниверзитетска конференција на Република Северна Македонија
ПРОФ. Д-Р АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ, ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИКРСМ

21-09-2022 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
За избор на најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2021 година

21-09-2022 - Пријавувањето за втор и трет циклус студии е во тек
Пријавувањето за запишување на втор и на трет циклус студии е во тек

18-08-2022 - Јубилејна 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
УЧЕСТВО НА ШЕЕСЕТ СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ДРЖАВИ

08-08-2022 - Отворен ден на УКИМ
ФАКУЛТЕТИТЕ ГИ ОТВОРААТ ВРАТИТЕ ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ