Ректор

РЕКТОР 

Проф. д-р Никола Јанкуловски

Ректорот е раководен орган на Универзитетот. Ректорот го претставува и го застапува Универзитетот во земјата и во странство. Правата, должностите и одговорностите на ректорот се утврдени со Статутот на Универзитетот.

Проф. д-р Никола Јанкуловски


Досегашни функции:
  • ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во мандатниот период (2016-2020)
  • директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија (2007-2009);
  • в.д. декан на Медицинскиот факултет (Април 2009 - Септември 2009);
  • декан на Медицинскиот факултет во два мандатни периоди (2009-2016);
  • член на Управен одбор на Комора на вештаци на Република Северна Македонија (2013 до денес);
  • член на Одборот за избор на научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои покажуваат врвни резултати во научноистражувачката дејност за 2015 и 2016;
  • член на Одборот за доделување на наградата „Св. Кирил и Методиј“ за 2014, 2015 и 2016;
  • член на Комисијата за доделување на признанието ,,Најдобар млад научник" (2013-2015);
  • член на Управен одбор на З.У. Студентска поликлиника на УКИМ во Скопје (2015-2016);
  • член на Управен одбор на УКИМ Конгресен центар - Охрид (2011 –до денес);
  • член на Комисија за наука на УКИМ во Скопје (2007-2009);
  • член на Одбор за судско медицински вештачења на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје (2009 до денес);
  • член на Кадровски одбор на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје (2009)
  • член на Друштвото на колопроктолози на Југославија (2003 година -)
  • член на Американското здружение на абдоминални хирурзи (2006- )
  • член на Европското здружение на дигестивни хирурзи (2008-)
  • член на надзорен одбор во ЦИРКО

Издавачка дејност:
  • објавени повеќе од 155 научни и стручни трудови и други изданија во земјата и странство;
  • автор на 2 прирачника од областа на медицината;
  • раководител/учесник во 5 научноистражувачки проекти.

Научна област:
  • абдоминална хирургија.

Студиски престои и учества во проекти:
  • реализирани многубројни студиски и научни престои на странски универзитети, како и стручни усовршувања во странски болници

Награди и признанија:
  • државна награда „Св. Климент Охридски“ во 2013 година за особен придонес во здравството;
  • највисоката награда на Македонското лекарско друштво „Д-р Трифун Пановски“ во 2015 година за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита;
  • државна награда „11 Октомври“ во 2015 година за животно дело;
  • орден на честа за наука и уметност од Австрија од прв ред
  • Витез од националниот ред за заслуги на Република Франција