Меѓународната Недела на Отворен Пристап
Open Access Week е глобален настан, кој е community-driven, можност за академската и истражувачката заедница да ги осознае придобивки од отворениот пристап за истражување.
Темата на овогодинешната
Меѓународна недела на отворен пристап, ќе биде „Важно е како до отворено знаење: градење на структурна еднаквост“. Овогодинешната тема намерно се совпаѓа со усвоените
препораки на УНЕСКО за Отворена Наука, каде Отворениот Пристап е клучна компонента. Датум на одржување: 25-31 Октомври, 2021.
„Отворената наука треба да ги опфати разновидноста на знаења, практики, работни текови, јазици, резултати од истражување и истражувачки теми, а кои ги поддржуваат потребите и епистемичкиот плурализам на научната заедница како целина, различни истражувачки заедници и научници, како и пошироката јавност, носители надвор од традиционалната научна заедница, вклучувајќи ги граѓаните и локалните заедници, општествените актери од различни земји и региони, како што е соодветно“ (Препорака на УНЕСКО за Отворена Наука, стр.7)
УКИМ го поддржува отворениот пристап на различни начини. Речиси сите списанија поддржани од УКИМ се со отворен пристап до пошироката јавност. Достапните списанија објавени од членовите на УКИМ најдете ги
овде.
Проф. д-р Владимир Трајковиќ од
ФИНКИ е амбасадор на УКИМ за Отворена Наука. Тој е иницијаторот УКИМ да ја потпише
Берлинската Декларација за Отворен Пристап. Тој е претставник на УКИМ во
OpenAIRE - AMKE и македонски претставник во
Истражувачката Инфраструктура за Отворен Пристап во Западен Балкан.