Центар за напредни интердисциплинарни истражувања ЦеНИИс



Универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на својата 14.седница одржана на 28.10.2021 година, донесе Одлука за основање на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (ЦеНИИс).

Центарот ЦеНИИс претставува нов инструмент на УКИМ со:
  • Цел зајакнување на интернационализацијата и меѓународната соработка;
  • Мисија да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а се родум од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашите научни кадри и млади истражувачи и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области, кои ќе придонесат кон подобрување на видливоста на Универзитетот во меѓународниот научноистражувачки екосистем;
  • Визијата на Центарот е да биде матица за научници родум од нашата држава, кои сакаат да се вмрежат и да воспостават соработка со УКИМ.

Постојани членови на ЦеНИИс се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава, и тоа:
  • проф. д-р Јадранка Стојановска, New York University, Grossman Medical School, New York, USA
  • проф. д-р Розита Димова, Ghent University, Department of Languages and Cultures, Ghent, Belgium
  • проф. д-р Петар Поповски, Aalborg University, Department of Electronic Systems, Aalborg, Denmark
  • проф. д-р Никола Стиков, Polytechnique University of Montreal, Institute of Biomedical Engineering, Montreal, Canada

Цврстата определеност на УКИМ за подобрување на својата видливост во научниот простор во Европа и Светот, се огледува и низ овој инструмент , Центарот ЦеНИИс. Идејата е да се поврзат научните сили на академската заедница на УКИМ и етаблирани и признати научници кои работаат на реномирани универзитети, ширум светот. Градејќи го своето портфолио на најстар и најдобар Универзитетот, УКИМ на овој начин се стреми да развие нов инструмент со синергетски ефект, во насока на подобрување на видливоста на Светските ранг листи на универзитети.

Е-пошта на Центарот: ceniis@ukim.edu.mk


Промоција на ЦеНИИс 


На Светскиот ден на науката, 10 Ноември 2021 година, на УКИМ, хибридно, со физичко присуство и преку видеоконференциската платформа Zoom, се оддржа Панел на тема: УКИМ во интернационални рамки, на кој беше промовиран новоформираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на УКИМ.

Панелот го водеше проректорот за наука проф.д-р Валентина Гечевска, учествуваше Ректорот проф.д-р Јанкуловски, а говорници беа постојаните членови на Центарот и проректорот за меѓународна соработка проф. д-р Ордан Чукалиев.

Говорниците дебатираа за нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат со свои иницијативи и активности да се развијат рзлични форми на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, кои ќе резултираат со резултати кон подобрување на видливоста. Понатаму, кои се условите за членство и начините за мотивација на истражувачите ширум светот, со потекло од нашата држава, да се приклучат кон иницијативата на Центарот ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.

На панелот учествуваа 185 присутни (16 со физичко присуство и 169 на платформата ZOOM), припадници на академската заедница на УКИМ и голем број припадници на меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот и од повеќе континенти.


Постојани членови на ЦеНИИс 

Проф. Никола Стиков ги има завршено дипломските и докторските студии на Универзитетот Стeнфорд (САД), а моментално е професор по биомедицински инженеринг на Политехничкиот Универзитет на Монтреал, Канада. Неговите истражувања се во областа на квантитативната магнетна резонанса и нејзината примена во проучувањето на невродегенеративни болести. Проф. Стиков е Junior Fellow на Меѓународното здружение за магнетна резонанса во медицината и ја предводи секцијата за отворена и репродусибилна наука во склоп на здружението. Тој е исто така и член извршниот комитет на Канадската платформа за отворена невроноаука, каде што ја предводи секцијата за научно издаваштво. Во последниве неколку години Проф. Стиков е посветен на иницијативата за поефективна и координирана научна комуникација меѓу научниците родум од Македонија, a истовремено се залага и за поголема достапност на науката до пошироката јавност преку Фондација КАНТАРОТ и иницијативите С(ц)иеста и Наука за Деца.

Рoзита Димова е социјален антрополог. Работела како постдокторски соработник на Институтот за социјална антропологија Макс Планк, научен соработник на Слободниoт и Хумболт универзитетите во Берлин, и вонреден професор по студии за Југоисточна Европа на Универзитетот во Гент. Розита исто така е основач и постојан член на одборот на Центарот за напредни и интердисциплинарни истражувања на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, Република Северна Македонија. Таа има над педесетина публикации, и е автор на Етно-барок: Материјалност, естетика и конфликт во модерна Македонија (Berghahn , 2013) и Гранична порозност: Движења на луѓе, предмети и идеи на јужниот дел на Балканот (Manchester University Press, 2021).  Откако помина долг пат во својата академска кариера - од Македонија, каде што дипломираше, преку програми за постдипломски студии на ЦЕУ во Будимпешта (Унгарија), Кембриџ (Велика Британија) и Стенфорд (САД), до пост-докторските студии и професионални ангажмани во Германија и Белгија – конечно има можност да учествува во академскиот живот во родната земја.  За својот докторат на Стенфорд, Розита ја доби престижната награда Robert Texture Award за исклучителна антрополошка креативност. Тука ја истражуваше улогата на материјалноста, естетиката, и нивните симболични ефекти врз секојдневните практики на потрошувачка, како и меѓусебната изградба на етничките, социјални и родови идентитети во Југоисточна Европа.   Во најновиот проект за границите Розита анализира на кој начин движењата на предмети и луѓе преку границите го надминуваат национализмот. Овој проект се базира на долгорочно етнографско истражување во пограничните градови во јужниот дел на Македонија (Битола и Гевгелија) кои станаа популарни дестинации каде грчките граѓани.