 |
П Р О Р Е К Т О Р И |
Универзитетот има четири проректори за наставa, наука, меѓународна соработка и финансии, инвестиции и развој. Правата, должностите и одговорностите на проректорите се утврдени со Статутот на Универзитетот.
|
|
ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА |
Проф. д-р Христина Спасевска
Проф. д-р Христина Спасевска
Досегашни функции:
- продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии (2012-2016)
- раководител на Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии (2016-2020)
- национален претставник во Форумот на Европскиот иновациски совет (од 2021 до денес)
- претседател на Центарот за менаџирање на знаења и вештини (2019 до денес)
- претседател на Метролошки совет, Биро за Метрологија, Министерство за Економија на Република Северна Македонија (2017 до денес)
- претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери - Инженерска институција на Македонија (2016 до денес)
- претседател на Одделението за животна средина, Комора на овластени архитекти и овластени инженери (2016-2020)
- национален координатор на Хоризонт 2020 програмата, во одделот енергерика (2016-2020)
- член на Управниот одбор на Коморатa на овластени архитекти и овластени инженери (2016-2020)
- член на Работна група за спроведување на енергетска транзиција, Фридрих Еберт (2019)
- член на Комисијата за доделување на наградата „Најдобар млад научник“ (2018)
- генерален секретар на Асоцијата на здруженија на инженери - Инженерска институција на Македонија (2007-2016)
- претседател на Сојузот на здруженија за техничка култура на Македонија - Народна техника (2008-2015)
- раководител на Центарот за сончеви технологии – СОЛТЕК, Факултет за електротехника и информациски технологии (2009 до денес)
- раководител на Акредитирана лабораторија за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење, Факултет за електротехника и информациски технологии (2018 до денес)
- член на European Federation of National E (ngineering Associations (FEANI) (2013 до денес)
- член на Оперативна група на Проектот таблет за секое дете, МОН (2015)
- член на Комисијата за организации со статус на јавен интерес, Влада на Република Северна Македонија (2012-2016)
- член на World Renewable Energy Congress (2007 до денес)
- член на Метролошки совет, Биро за Метрологија, Министерство за Економија на Република Северна Македонија (2006 - 2014)
- претседател на Здружението на инженери по физика (2006 - 2018)
- член на Техничкиот комитет при Бирото за Метрологија, Министерство за Економија на Република Северна Македонија (2006-2014)
- член на Проектот Стоп Brain Drain, Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија (2013)
- член на Комисијата на проект "Патент МК", Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија (2009)
- член на Извршниот комитет на Balkan Physical Union-BPU (2003 - 2005)
- член на управниот одбор на Друштвото на физчарите на Република Македонија (2003-2005)
- член на експертскиот тим во Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe и Министерството за Еколгија и просторно планирање за подготовка на националната стратегија за примена на Кјото протоколот (2005)
Издавачка дејност:
- објавени повеќе од 30 научни и стручни трудови во последните десет година
- член на уредувачки одбор на две научни/стручни списанија
- автор/коавтор на десет книги и учебни помагала
- учесник во подготовката на документи (национални стратегии, закони и студии)
Научна област:
- Фотовотаици – добивање и примена. Фотоволаични системи. Материјали за енергетска ефикасност.
- Добивање и карактеризација на нови материјали и наноматеријали. Методи на истражување: Статичко расејување на светлината, електрично двојно прекршување, вискозиметрија, диелектрична /импедансна спектроскопија, атомска силова микроскопија, оптичка спектроскопија, микро-раманова спектроскопија.
- Испитување на материјали изложени на јонизирачко зрачење. Методи на истражување: Отички стимулирана луминисценција и термолуминиосценција.
- Иновации, трансфер на технологии и технолошки развој. Образовни модели во националната рамка на квалификации.
Студиски престои и учества во проекти:
- реализирани повеќе од 20 студиски престои на странски универзитети
- одржани 7 предавања на Факултетот за електротехника на Универзитетот во Љубљана
- стипендист на Training and Research in Italian Laboratories Programme – ICTP во Research Council of Italia, Institute for Nanostructured Materials-Bologna
- учесник/национален координатор/консултант/предавач/раководител на повеќе од 20 научни/стручни проекти од програмите на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, NATO SfP, CEI, IPA, FP7, COST, IAEA, HORIZON 2020.
Награди и признанија:
- наградата „13 Ноември“ на град Скопје, од областа на науката во 2019 година
- награда за најдобро дипломиран студент по физика на Природно-математичкиот факултет во 1990 година
|
|
ПРОРЕКТОР ЗА НАУКА |
Проф. д-р Валентина Гечевска
Проф. д-р Валентина Гечевска
Досегашни функции:
- Редовен професор на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Машински факултет-Скопје, Институтот за производно инженерство и менаџмент
- член на Универзитетскиот сенат од Машински факултет - Скопје (2016-2020)
- продекан за наука, меѓународна соработка и развој на Машински факултет - Скопје (2004-2008)
- раководител и основач на WEBLAB Тренинг центар за електронско учење при Машински факултет- Скопје
- раководител на CIM (Computer Integrated Manufacturing) Лабораторија за компјутерски интегрирани процеси
- раководител и основач на PLM (Product Lifecycle Management) Центар за развој и менаџмент на животен циклус на производи
- раководител на студиската програма за Менаџмент на животен циклус на производи, на втор циклус студии на Машинскиот факултет - Скопје
- член на Друштвото на машински инженери (SME)
- член на бордот на Европската инженерска професионална мрежа (EPN Consulting, UK) (2008 до денес)
- член на бордот на Европската PLM асоцијација за научна, академска и индустриска соработка (PLM InNET, Italy) (2011 до денес)
- член на работната група за напредни производни системи и развој на производи, на Техничкиот комитет за апликации на информациски технологии, при Интернационалната федерација за процесирање на податоци (IFIP) (2009 - денес)
- член на Меѓународната лабораторија за претприемачка интероперабилност (InterIP-Vlab, Belgium) (2009 до денес)
- член на ИКТ експертската асоцијација на МАСИТ (2005 до денес)
- член на управниот одбор на Метаморфизис (2005-2015)
- уредник на научно списание - Машинско инженерство (2004-2010)
- член на уредувачки одбори на меѓународни научни списанија (од SCI list, SCOPUS и др.)
- член/претседател на научен/програмски одбор на меѓународни научни конференции
- рецензент на меѓународни научни списанија (за издавачи Taylor&Francis, Elsevier, IEEE и други, на SCI листата и надвор од неа)
- рецензент на меѓународни публикации и зборници на меѓународни конференции
- евалуатор на меѓународни проектни програми (COST, EVAL-INCO за FP7, Horizon 2020, Estonian Science Foundation (ETF), Bureau of German Federal Ministry of Education and Research (BMBF), Executive Agency for Competitiveness and Innovation (EACI) на EC)
Издавачка дејност:
- објавени над 50 трудови во меѓународни научни списанија (референцирани во базите на Clarivate, SCImago, Ebsco, Open Access) и повеќе од 130 рецензирани трудови објавени во зборници на меѓународни конференции
- две научни монографии објавени во земјата и пет научни монографии објавени од универзитети во странство
- автор или коавтор на 30 поглавја во научни монографии
- учесник во подготовка на национални и регионални документи (стратегии, закони и други документи)
Научна област:
- Техничко-технолошки науки – машинство – производно инженерство, технологии и системи (21403),
- Техничко-технолошки науки – индустриско инженерство и менаџмент – организација на технолошки процеси (21105).
Истражувачки интерес:
- Менаџмент на развој на нови производи, Управување на животен циклус на производи (Product Lifecycle Management), Инженерски економски анализи, Иновациски техники, Моделирање интелигентни производни/деловни процеси, GAs, FL, NNs, Современи производни технологии и стратегии, Проектирање технологии и процеси за обработка, Системи резни алати, CAD/CAPP/CAM, CIM, Lean Manufacturing, Mass Customization, Industry 4.0, Иновации и технолошки менаџмент, Паметни технологии и управување на податоци, ERP, Моделирање на деловни процеси, Циркуларна економија, Екоодржливост со одржлив развој.
Студиски престои:
- реализирани повеќе од 40 студиски престои во странство (докторски истражувања на Државниот универзитет на Орегон; постдокторски студии на Техничкиот универзитет во Торино; сертифицирана програма за специјализација во Јапонска индустриска политика и производен менаџмент со Toyota менаџмент систем, на Јапонската агенција за интернационална соработка во Сапоро; PhD нострификациска програма на Универзитетот во Марибор и Министерството за наука и технологија на Словенија; специјализации на Техничките универзитети во Виена, Ајндховен, Торино).
- предавач (визитинг професор) на втор циклус студии на Факултетот за технички науки при Универзитетот во Нови Сад.
- гостувачки предавач на Машинскиот факултет во Марибор, Техничкиот универзитет во Торино и Факултетот за машинство, електротехника и бродоградба во Сплит.
- реализирани предавања на интернационални школи и научни/ R&D/ стручни работилници (Хрватска, Австрија, Германија, Италија, Холандија, Кина, Словенија др.)
Учества во проекти:
- Раководител/учесник во повеќе од 30 меѓународни научноистражувачки и развојни проекти од различни донаторски програми (FP6, FP7, CIP, COST, Horizon 2020, Life, IPA, ADA, CEI, WB, UNDP).
- Раководител/учесник во повеќе од 20 меѓународни проекти од образовни програми (TEMPUS, CEEPUS, Erasmus+).
- Раководител/учесник во повеќе од 40 проекти за трансфер на технологии, R&D, развој и иновации во компаниите, поддржани од меѓународни (GTZ, EAR, GFA, WB, UNDP) и домашни програми.
|
|
ПРОРЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА |
Проф. д-р Ордан Чукалиев
Проф. д-р Ордан Чукалиев
Досегашни функции:
- декан на Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (2004-2009)
- продекан за меѓународна соработка на Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (2000-2004)
- член на редакцискиот одбор на меѓународниот научен часопис “Agriculture and Forestry” во издание на Биотехничкиот факултет од Подгорица, Црна Гора
- рецензент на научно истражувачки трудови за повеќе списанија, активен во журналот Agriculture and Forestry
- евалуатор на проекти за програмата FRACTАLS на Европската Унија
- член на Здружението на агрономите на Америка (ASA)
- член на Здружението за наука за почвите на Америка (SSSA)
- член на Здружението за наука за земјоделските култури на Америка (CSSA)
- член на Меѓународното здружение за хидролошки науки (IAHS)
Издавачка дејност:
- објавени 157 научни и стручни трудови во последните десет години
Научна област:- наводнување на земјоделски култури
Студиски престои и учества во проекти:- реализирани 5 предавања на странски универзитети
- реализирани 43 студиски престои и посети на странски универзитети и 41 учество на симпозиуми, конференции и советувања
Учество во научноистражувачки проекти:- раководител на 6 меѓународни проекти
- раководител на националниот тим на 4 меѓународни проекти
- истражувач во 9 меѓународни проекти
- експерт/консултант во 19 меѓународни проекти
- раководител на 2 национални проекти
- учесник во 6 национални проекти
- експерт/консултант на 6 национални проекти
|
|
ПРОРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ, ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ |
Проф. д-р Биљана Ангелова
Проф. д-р Биљана Ангелова
Досегашни функции:
- проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ (2016-2020)
- в.д. директор на Економскиот институт (2009-2010);
- директор на Економскиот институт (2010 до 2016);
- раководител на втор циклус студии по меѓународен менаџмент (2006-2008) и на студиска програма по финансиски менаџмент (2008 до денес);
- раководител на трет циклус – докторски студии по организациски науки – менаџмент на УКИМ (2012-2016);
- член на Комисијата за нострификација на странски високообразовни дипломи при Министерството за образование и наука, во областа на општествените и хуманистичките науки (2011 -2016);
- прв претседател на Меѓународната асоцијација на економски институти на земјите на Југоисточна Европа (SEEA) (2012-2013);
- независен член на Надзорниот одбор на Халк Банка Скопје (2016 – 2020);
- реизбрана за независен член на Надзорен Одбор на Халк Банк – Македонија (2020 –2024), лиценцирана од страна на НБРМ како лице се посебни права и овластувања;
- потпретседател на Академскиот одбор и член на Управниот одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (2014- 2018);
- претседател на Комисијата за ордени и призанија во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија (2014- 2018),
- претседател на Научен совет на Економски институт (2009 – 2016);
- претседател на Институтска Управа во Економскиот институт (2009- 2016);
- подпредседател и член на Управен одбор на Комората на проценувачи на Република Македонија (2012 – 2014)
- претседател на Надзорниот одбор на Комората на вештаци на Република Македонија (2012- 2017);
- претседател на Редакциски одбор во меѓународниот часопис „Economic Development“ (2009 – 2016);
- претседател на Комисијата за спроведување на стручен испит за овластени брокери при Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (2014 - 2018);
- претседател на Комисијата за обуки и стручен испит за инвестициони советници во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (2014 - 2018);
- претседател на Комисија за изработка на Методологија за процена на капитал на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица, спроведување на обука и стручен испит за лиценциран проценувач на капитал (2011-2015);
- претседател на Комисија за изработка на Методологија за процена на машини и опрема и спроведување на обука и стручен испит за лиценцирање (2011-2015);
- претседател на Комисија за изработка на Методологија за процена на права од индустриска сопственост, спроведување на обука и стручен испит за лиценциран проценувач, (2011-2015);
- претседател на Комисија за подготовка на Методологија за процена на подвижен имот, и претседател Комисија за спроведување на обука (2011-2015);
- претседател на Комисијата за спроведување на стручен испит за стекнување на сертификат за овластен проценувач од областа на информатичка технологија при Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (2010 -2015 );
- претседател на Комисијата за спроведување на испит за стекнување на сертификат за овластен проценувач на побарувања и обврски при Министерството за финансии на Република Македонија (2012-2016);
- претседател на Комисијата за спроведување на стручен испит за лиценцирани вештаци од областа на материјално-финансиско работење при Министерство за правда на Република Македонија, (2011 -2015)
- други општествени ангажмани.
Научноистражувачка и образовна дејност:
- 65 публикувани научни трудови и трудови презентирани на конференции и печатени во меѓународни списанија;
- 9 учебници, учебни помагала, прирачници и др.;
- учествувала во реализацијата на над 42 научноистражувачки и повеќе од 50 други апликативни проекти и физибилити студии.
Научна област:
|
|
|