Инфо блок

Поставена: 09-11-2023 09:34  
ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЛУАН СТАРОВА – ПИСАТЕЛ И ИСТРАЖУВАЧ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, 8 ноември 2023
    Вчера, на 8 ноември на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје се одржа Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач“.
    На свеченото отворање на конференцијата, поздравна реч одржа проф. д-р Биљана Ангелов, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а со поздравни говори се обратија и проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Факултетот, проф. д-р Исмет Осман раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, проф. д-р Јоана Хаџи Лега раководителка на Катедрата за романистика, беседа за Луан Старова одржа академик Влада Урошевиќ, а поздравни говори одржаа и академик Абдулменаф Беџети и проф. д-р Скендер Хасани.  
    На свеченото отворање на конференцијата беше истакнато значењето на творештвото и дејноста на академик Луан Старова и неговата општествено-дипломатска и културно-научна мисија. 
За поширокото значење на Старова, ректорката Биљана Ангелова истакна: „Академик Старова изврши голема мисија за нашата културна и општествена афирмација во светот, не само преку своите извонредни и монументални дела, туку и преку сета своја дејност на мислител, двигател, културен деец, истакнат општественик од кого истекуваа ‘златни реки’ пораки и поуки оти беше вистински визионер со јасно поставена мисија.“
    Во својата поздравна реч ректорката Ангелова нагласи: „Старова останува грамадник, златоврв, еден од столбовите на нашиот подем, културен, преку мисија на подадена рака кон светот и неговите врвни сецивилизациски вредности. Човек-институција, врвен автор, дејственик и мисионер, пред кој Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, не само денес, туку секогаш се поклонува со респект, бидејќи до недоглед, на најубав начин ја претставуваше врвната филологија, беше и остана симбол за сјаен творечки триумф, наш триумф и подем во светот, а нам, на сите по него или тие што беа до него – на маестрален начин – ни го покажа патот.“
    Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова заклучи: „Академик Луан Старова е грандиозен автор на светската „мапа“ кој ја афирмираше нашата книжевност и култура во светот, и како автор, и како универзитетски професор и научник, и како угледен амбасадор, дипломат од висок ранг. Репрезентативен, со извонредна мисија за афирмација на македонската книжевност, наука и култура во светот, автор полиглот кој твореше на извонреден: албански, македонски и француски јазик.“
    На Меѓународната конференција беа изложени 23 реферати кои се осврнаа на творечкиот и научно-истражувачкиот опус на академик Луан Старова. Со тоа Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и УКИМ достојно ја одбележаа творечката и научноистражувачка дејност на академик Луан Старова, еден од столбовите на нашата наука, култура и дипломатија.академик Луан Старова, еден од столбовите на нашата наука, култура и дипломатија.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје