Инфо блок

Поставена: 22-11-2021 11:11  
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФСКИ ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА
На малата сцена на Македонскиот народен театар во Скопје, на 11 ноември 2021 година, со почеток од 19 часот, се одржа  промоција на монографски изданија  на Институтот за македонска литература, годинешен добитник на високото признание, наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. 
На средбата беа промовирани четири изданија на Институтот за македонска литература, кој неодамна го прослави јубилејот 40 години од своето основање, и тоа:
„За песните и приказните“ од проф. д-р Наташа Аврамовска, 
„Магичен реализам: нова објективизација на стварноста“ од проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, 
„Античката литература во македонската културна средина (културно-општествени и преводни аспекти)“ од проф. д-р Дарин Ангеловски и 
„Од Прличев до Конески“ од проф. д-р Славчо Ковилоски. 
За особеностите и вредностите на овие книги промотивни излагања имаа проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, проф. д-р Елена Џукеска и м-р Марина Цветаноска, а модератор на средбата беше Елена Кузманов.
В.д. директорката на Институтот, проф. д-р Наташа Аврамовска, истакна дека „Институтот за македонска литература во Скопје, секоја година остварува богата и значајна издавачка дејност, која во иднина ќе се настојува да биде повидлива и достапна за пошироката публика. Во наредниот период ќе бидат претставени списанијата, кои ги одбележуваат значајните годишнини, 100 години од раѓањето на Блаже Конески и Коле Чашуле, како и зборникот од значајниот билатерален проект со Факултетот за литература при Истанбулскиот Универзитет. 

Останати вести

 

Последни новости

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје