УКЦ

Универзитетски компјутерски центар 

Како резултат на зголемените потреби за користење на придобивките од информациско - комуникациската технологија во наставниот, истражувачкиот и административно-управниот процес, на Универзитетот успешно функционира Универзитетска компјутерска мрежа (УКМ). Со следење и примена на современите трендови во информациските и комуникациски технологии, УКМ претставува адекватен одговор на постојаните потреби за модернизација на наставниот и истражувачкиот процес на Универзитетот преку создавање технички предуслови за непречена реализација на современ наставен процес во согласност со светските стандарди. Исто така, преку создавање на техничка база мрежата претставува претпоставка за имплементација на различни информативни услуги како и за Универзитетскиот информационен систем.

Во 1995 година во рамките на Универзитетот беше формирана Македонската академска истражувачка мрежа – МАРНет. Преку остварувањето на функциите на МАРНет беше овозможено вклучување на Универзитетот во семејството на сродни академски мрежи во Европа и во светот. Со реализацијата на една од основните функции на МАРНет – обезбедување на Интернет пристап за академските институции во Република Северна Македонија -  Универзитетската компјутерска мрежа ја остварува поврзаноста во Интернет. Поврзувањето во Интернет доведе до многукратно зголемување на интересот за ползување на мрежата, а следствено и на проширување на корисничката база.



 

Последни новости

04-07-2019 - На УКИМ
ИЗГОТВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА

29-06-2019 - По 16-ти пат
ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“

28-06-2019 - Во Конгресниот центар во Охрид
ОДРЖАНА ПРВАТА ЛЕТНА ШКОЛА ОРГАНИЗИРАНА ОД СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

19-06-2019 - На ТМФ
ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

10-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

05-06-2019 - На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

04-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ОДРЖАНА АКАДЕМСКА ДЕБАТА НА ТЕМА „ВЛИЈАНИЕТО НА ЕУ ИЗБОРИТЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

31-05-2019 - Во Лондон
СРЕДБА НА РЕКТОРОТ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ СО МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

31-05-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПО 41. ПАТ ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“

30-05-2019 - Од меѓународната активност на УКИМ
РЕКТОРОТ НА УКИМ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ПРИСУСТВУВА НА ПЕТТИОТ JOINT SCIENCE CONFERENCE OF THE WESTERN BALKANS PROCESS / BERLIN PROCESS

27-05-2019 - Универзитетските спортски натпревари на УКИМ
ЗАВРШНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ОВОГОДИНЕШНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА УКИМ СЕ ОДРЖАА НА 20.05.2019 г.

23-05-2019 - КОНКУРС ЕРАЗМУС+
КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2019/2020 година