МСМЈЛК при УКИМ во Скопје

МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА ПРИ УКИМ ВО СКОПЈЕ 

Учесници на Летната школа

Основна дејност


Семинарот има шест основни дејности:

●  организирање и грижа за работата на лекторатите по македонски јазик во странство;
●  организирање  летна школа со курсеви по македонски јазик и предавања од областа на македонскиот јазик, литература, историја и култура;
● организирање зимска школа со курсеви по македонски јазик
●  организирање меѓународна научна конференција на теми од македонскиот јазик, македонската литература и култура;
●  сопствена издавачка дејност за потребите на лекторатите, летната школа и научната конференција;
●  организирање на подготвителна настава по македонски јазик за странските студенти што се запишуваат на Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Управа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура:

    ●  проф. д-р Kристина Николовска, директор 
        (електронска адреса: k.nikolovska@ukim.edu.mk)
    ●  м-р Евдокија Илијевска, помлад соработник за деловно работење (evdokijailievska@ukim.edu.mk) 



Малку историја

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година.

Досега се одржани 56 летни школи и три зимски школи, на кои учествувале повеќе од 4000 учесници од над 60 земји,  меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот.

Во претходниот период со Семинарот раководеле:

    ● Александар Спасов  (1968-1970);
    ● Божидар Видоески  (1971-1977);
    ● Томе Саздов  (1978 – 1983);
    ● Кирил Конески  (1984-1985);
    ● Томислав Тодоровски  (1986-1989 и 1997-2000);
    ● Коста Пеев  (1990-1993);
    ● Максим Каранфиловски  (1994-1996, 2001-2005 и 2009-2013);
    ● Емилија Црвенковска  (2006 – 2009);
    ● Славица Велева (2013 - 2019).
    ● Весна Мојсова - Чепишевска (2019-2023)
    ● Кристина Николовска (2023