Актуелно

4. ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК при УКИМ во СКОПЈЕ 





Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, ја најавува 4. Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, којашто ќе се одвива на далечина (онлајн) преку платформата  Zoom од  22 јануари до 26 јануари (од понеделник до петок) 2024 година.

Наставата ќе се одвива во две Секции:
  • Македонски јазик (лекторски вежби);
  • Македонска книжевност и култура (предавања, лекторски вежби и Преведувачка работилница).

Покрај наставата, ќе има и три средби со познати македонски писатели. Учесници на школата може да бидат: македонисти, слависти, балканолози, филолози, раководители на катедри на универзитетите во странство, предавачи, лектори и афирматори на македонистиката во светот.

На следниот линк е достапна електронската Пријава, а пријавувањето е до 10 јануари 2024 година.

Со почит,

Меѓународен семинар за македонски јазик,
литература и култура при УКИМ во Скопје