Проректори

П Р О Р Е К Т О Р И 

Универзитетот има четири проректори за наставa, наука, меѓународна соработка и финансии, инвестиции и развој. Правата, должностите и одговорностите на проректорите се утврдени со Статутот на Универзитетот.

ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА 

Проф. д-р Вујица Живковиќ

Проф.  д-р Вујица Живковиќ, проректор за настава



Досегашни функции:

• два мандата декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (од 2011 до 2015 и од 2015 до 2016);
• сенатор на УКИМ (2004-2008);
• продекан за настава и наука на Факултетот (2003-2007);
• претседател на факултетската комисија за имплементација на ЕКТС  (2004/2005, 2009/2010, 2012/2013);
• потпретседател на фудбалска тренерска организација на РМ;
• член на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет;
• други општествени ангажмани.


Издавачка дејност:

• Преку 100 научни и стручни труда презентирани на конференции, конгреси и симпозиуми и печатени во домашни и меѓународни зборници и списанија; 
• 2  учебника, превод на стручна книга, учебно помагало;
• главен и одговорен уредник на научно списание „Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето” во издание на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје;
• главен и одговорен уредник на стручно списание „Кондиција“ во издание на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје;
• главен и одговорен уредник на зборници на трудови од 2 научни конференција под наслов „Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето” во организација на  Факултетот за физичко образование, спорт и здравје;
• главен и одговорен уредник на монографија „35 години Факултет за физичко образование, спорт и здравје;
• учествувал во реализацијата на 10 научноистражувачки проекти. 


Научна област:

• Применета кинезиологија, кинезитерапија.

ПРОРЕКТОР ЗА НАУКА 

Проф. д-р Владимир Петрушевски


Проф. д-р Владимир Петрушевски, проректор за наука
e-mail: v.petrushevski@ukim.edu.mk


Досегашни функции:

• раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ (1995-1997);
• декан на Природно-математичкиот факултет (1997-1999);
• проректор за наука на УКИМ (2012-2016);
• член на Советот на општина Центар (1996-2000, 2000-2005);
• член на Советот на Град Скопје (2005-2009).


Издавачка дејност:

• 68 научни труда печатени во меѓународни списанија со фактор на влијание;
• 12 научни труда печатени во домашни или меѓународни списанија без фактор на влијание;
• 17 научни труда печатени во зборници на трудови;
• 10 образовни труда печатени во меѓународни списанија со фактор на влијание;
• 60 образовни труда печатени во домашни или во меѓународни списанија без фактор на влијание;
• 30 стручни труда (вклучително коментари, критики и полемики);
• 2 учебника;
• 2 поглавја во монографија (издавач од Полска);
• 4 книги (новела, збирка раскази, роман, збирка колумни);
• учествувал во реализацијата на 5 научноистражувачки проекти (1997–2011), од кои, на три како раководител, а на два проекта бил член. Бил член и на други проекти во периодот од 1979 до 2005.


Научна област: 

• хемија, методика на хемиското експериментирање;
• други подрачја на научен интерес: вибрационо-спектроскопски и структурни истражувања на водородно сврзани системи; вибрационо-спектроскопски и структурни испитувања на мали молекули со висока симетрија.

ПРОРЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 

Проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска

Проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, проректор за меѓународна соработка


Досегашни функции:

• декан на Факултетот за музичка уметност (2009-денес);
• продекан за настава (два мандата) (1999-2001) (2001-2005);
• шеф на Катедрата за дувачки, удирачки инструменти и соло-пеење (1995-1999);
• член на Универзитетскиот сенат (2004-2008);
• Претседател на Комисијата  за култура  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (2005 - 2009);
• претседател на Управниот одбор (2001-2003) и уметнички директор на фестивалот Охридско лето (2007-денес);
• член на Советот на Македонската радио-телевизија (2006-2014);
• член на Комисијата за нострификација на странски високообразовни дипломи при Министерството за образование и наука, во областа на хуманистичките науки (2013-денес);
• член на одборoт за доделување на наградата „Св. Климент Охридски“ (2012-2014);
• член на одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“ (2014-2016);
• други општествени ангажмани.


Уметнички дела, настапи:

• над 150 настапи на концерти и фестивали ширум Северна Македонија и во многу земји во Европа и светот: САД, Канада, Бразил, Кина, Естонија, Русија, Турција, Шпанија, Португалија, Италија, Финска, Холандија, Белгија, Германија, Франција, Полска, Чешка, Украина, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија;
• учествувала во реализацијата на 36 научноистражувачки и 18 други апликативни проекти.


Научна област:

• музичка уметност - обоа.

ПРОРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ, ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ 

Проф. д-р Биљана Ангелова

Проф. д-р Биљана Ангелова, проректор за финансии, инвестиции и развој


Досегашни функции:

• в.д. директор на Економскиот институт (2009-2010);
• директор на Економскиот институт (2010 до денес);
• раководител на втор циклус студии по меѓународен менаџмент (2006-2008) и финансиски менаџмент (2008 до денес);
• раководител на трет циклус – докторски студии по организациски науки – менаџмент (2012-2016);
• член на Комисијата за нострификација на странски високообразовни дипломи при Министерството за образование и наука, во областа на општествените и хуманистичките науки (2011 до денес);
• прв претседател на Меѓународната асоцијација на економски институти на земјите на Југоисточна Европа (2012-2013);
• независен член на Надзорниот одбор на Халк Банка Скопје (2016 – денес);
• потпретседател на Академскиот одбор и член на Управниот одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (2014-денес);
• претседател на Комисијата за ордени и призанија во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија (2014- денес), и
• други општествени ангажмани.


Научноистражувачка и образовна дејност:

• 53 публикувани научни трудови и трудови презентирани на конференции и печатени во меѓународни списанија;
• 9 учебници, учебни помагала, прирачници и др.;
• учествувала во реализацијата на над 40 научноистражувачки и повеќе од 50 други апликативни проекти.


Научна област:

• финансиски менаџмент.


 

Последни новости

04-07-2019 - На УКИМ
ИЗГОТВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА

29-06-2019 - По 16-ти пат
ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО „ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН“

28-06-2019 - Во Конгресниот центар во Охрид
ОДРЖАНА ПРВАТА ЛЕТНА ШКОЛА ОРГАНИЗИРАНА ОД СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

19-06-2019 - На ТМФ
ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

10-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

05-06-2019 - На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

04-06-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ОДРЖАНА АКАДЕМСКА ДЕБАТА НА ТЕМА „ВЛИЈАНИЕТО НА ЕУ ИЗБОРИТЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

31-05-2019 - Во Лондон
СРЕДБА НА РЕКТОРОТ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ СО МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

31-05-2019 - Во Ректоратот на УКИМ
ПО 41. ПАТ ДОДЕЛЕНA НАГРАДAТА „26 ЈУЛИ“

30-05-2019 - Од меѓународната активност на УКИМ
РЕКТОРОТ НА УКИМ, ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ПРИСУСТВУВА НА ПЕТТИОТ JOINT SCIENCE CONFERENCE OF THE WESTERN BALKANS PROCESS / BERLIN PROCESS

27-05-2019 - Универзитетските спортски натпревари на УКИМ
ЗАВРШНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ОВОГОДИНЕШНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА УКИМ СЕ ОДРЖАА НА 20.05.2019 г.

23-05-2019 - КОНКУРС ЕРАЗМУС+
КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2019/2020 година