Истражувачка инфраструктура на УКИМ

Работилница на e-IRG 

E-Infrastructure Reflection Group организираше работилница, која се одржа од 1 до 2 Декември 2021 година.
 
Трите главни теми обработени на оваа работилница, се:
    а) Потреба од отпорни и реконфигурабилни е-инфраструктури,
    б) Родова рамнотежа во е-инфраструктурите, кариери во е-инфраструктури и
    в) Западен Балкан и соработката со ЕУ.
 
Работилницата на e-IRG се осврна на потребата за стабилно Европско соседство, имајќи ја предвид соработката на ЕУ со Западен Балкан, особено во областа на истражувачки инфраструктури и електронски инфраструктури (e-Infrastructures).
 
Еден од говорниците на работилницата на e-IRG, беше проф. д-р Анастас Мишев, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 
Повеќе информации овде.

 


Нови лаборатории 


Во рамките на проектот „Примена на јонизирачки зрачења во нанотехнологиите (МАК1003)“ раководен од проф. д-р Анита Грозданов,редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, финансиран од Меѓународната Атомска Агенција – ИАЕА, во периодот 2019/2021, на Технолошко-металуршки факултет е доопремена Лабораторијата за материјали и нанотехнологии.

Инсталирани се четири  нови инструменти: Електронски микроскоп со EDAX; Комбиниран Раман спектрометар со електро-хемиска единица за циклична волтаметрија и амперометрија; Комбиниран ДСЦ со ТГА до максимални 1600  С; Калориметриска бомба за изо и динамички режим.

Реализирани се 5 студиски посети на редовни професори и 6 тренинзи на помлади доценти и асистенти во лабораториите на Универзитетот во Лоџ, Полска; Универзитетот во Аликанте, Шпанија; Хачетепе Универзитетот во Анкара, Турција; и Институтот за нуклеарни науки Винча, Србија.

 

Последни новости