Претседател на
   Универзитетски сенат


Проф. д-р Анета Баракоска

Проф. д-р Анета Баракоска


Досегашни функции:
  • редовен професор на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет
  • вклучена во реализацијата на наставата на прв, втор и трет циклус студии на Филозофскиот факултет во Скопје, на студиските програми: Педагогија, Специјална едукација и рехабилитација, Семејни студии, Менаџмент во образованието и Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности
  • повеќе од една деценија ја реализира наставата по предметот Педагогија за студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје
  • учествува во реализацијата на наставата по предметите: Педагогија, Методика на воспитна работа и Етика во образованието, наменета за кандидатите од ненаставничките факултети (ППМ-доквалификација)
  • била раководител на постдипломските студии по педагогија во периодот од 2005-2009 година, и раководител на Институтот по педагогија  при Филозофскиот факултет во Скопје во периодот од 2009-2017
  • уредник на меѓународните списанија International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE) и International Journal for Education, Research and Training (IJERT). Член е на меѓународниот уредувачки одбор на списанието International Journal of Scientific Research in Information Systems and Engineering (IJSRISE)

Издавачка дејност:
  • автор на повеќе книги, како и стручни и научни трудови, објавени во домашни и меѓународни списанија, зборници и други публикации кои третираат актуелни прашања од областите за кои е бирана

Научна област:
  • педагогија, теорија на воспитание и методика на воспитна работа

Научно-истражувачки интерес:
  • Општа педагогија, теорија на воспитание, воспитание - општесвени промени, образовни политики, вредности и вредносни ориентации, педагогија на слободно време, методика на воспитна работа, образовен менаџмент, лидерство, обука и развој на човечки ресури

Студиски престои и учества во проекти:
  • учество во повеќе домашни и меѓународни научно истражувачки проекти, остварени  студиски престои во странство
  • рецензии на учебници и научни трудови
  • учество на бројни стручно-научни домашни и меѓународни конференции, симпозиуми,  тематски расправи и семинари
  • реализација на повеќе експертски активности, како обучувач во работилници за воспитувачи, наставници и педагози, како и експертски активности од поширок општествен интерес.