Огласна табла

Повик за Artist-in-Residence-Programme 2015 
08.07.2014
Artist-in-Residence-Programme 2015

SAIS SUMMER PROGRAMS 2014 
02.07.2014
Ве известуваме за одржување на SAIS Summer Gradtuate Programs 2014 како дел од The Paul H. Nitze School of Advanced International Studies of The Johns Hopkins University.

SAIS SUMMER PROGRAMS 2014

Повеќе информации на следниот линк: http://www.sais-jhu.edu/atoz/summer-programs

Конкурс за доделување на Наградата “13 Ноември” на Град Скопје, за 2014 година 
01.07.2014
Наградата “13 Ноември” на Град Скопје и оваа година ќе биде доделена како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и другите сегменти на животот, трудот и творештвото, што преставуваат посебен придонес за развој на Градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

Наградата се доделува за остварување во изминатиот период од една година до завршувањето на конкурсот како и за подолг изминат период што претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
 
Наградата може да се доделува на физички и правни лица од Градот Скопје, Република Македонија и од други држави и на меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.
 
Наградата се доделува по пат на конкурс, кој оваа година е објавен во весниците „Дневник“, „Нова Македонија“ и „Коха“ и ќе трае до 10.9.2014 година
 
Во прилог Конкурсот за доделување на Наградата “13 Ноември” на Град Скопје, за 2014 година

Линк до апликацијата за Наградата “13 Ноември” на Град Скопје, за 2014 година  http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=653

КОНКУРС за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година 
25.06.2014
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2014 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2014 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака:„за годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2014 година“.

Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2014 година.

Повеќе информации на следниот линк:
http://www.aso.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=557%3A2014-06-02-07-49-11&catid=44%3A2010-02-02-02-29-04&lang=mk

Летен курс по полски јазик за странци 
02.06.2014

Универзитет за применети науки во Ниса, Полска

Летен курс по полски јазик за странци

           
Универзитетот за применети науки во Ниса организира курс по полски јазик за интернационални студенти во траење од три недели, во периодот од 1 до 19 септември 2014 година. За учесниците на курсот, Универзитетот има подготвено многубројни активности, меѓу кои: часови по граматика, вокабулар и конверзација, практични часови, работилници, студиски посети и дополнителни настани.

Курсот ќе биде одлична можност не само да се научи полскиот јазик, туку исто така и да се запознаат полските обичаи и традиција, да се учествува во меѓународни работилници, како и на Научниот фестивал во Ниса, а и да се стекнат нови пријателства.

За заинтересираните студенти, Универзитетот нуди два вида курсеви: главен и дополнителен курс, а програмата по која ќе се одвиваат интензивните курсеви по полски јазик е достапна на следниов линк:
http://www.pwsz.nysa.pl/sitecontent/bwm_en/pliki/PLC_2014.pdf

Детални информации за трошоците за учество на курсот, како и формуларот за аплицирање можат да се најдат на следнава интернет-страница:
http://www.pwsz.nysa.pl/index.php?p=25&ak=43,3757,0.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 15 август 2014 година, на следнава е-адреса: bwm@pwsz.nysa.pl.

Стипендии за постдипломски студии во рамките на програмата
„Обновлива енергија во Централна и Источна Европа“
 
28.05.2014
Во рамките на програмата за постдипломски студии „Обновлива енергија во Централна и Источна Европа“, поддржана од Виенскиот универзитет за технологија и Energiepark Bruck/Leitha, објавен е конкурс за 3 стипендии за учесници од невладини/непрофитни организации. Програмата ќе им овозможи на кандидатите да стекнат продлабочено знаење од областа на пазарите на енергија во земјите од Централна и Југоисточна Европа.

На Конкурсот може да аплицираат кандидати кои дипломирале во соодветната област и имаат најмалку двегодишно професионално искуство. Најдобро квалификуваните кандидати, кои ќе влезат во избор за добивање на стипендијата во износ од 6.500 евра, ќе бидат повикани на усно интервју.

Дополнителни информации во однос на програмата за постдипломски студии „Обновлива енергија во Централна и Источна Европа“ може да се добијат на следнава интернет-страница: http://newenergy.tuwien.ac.at/. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31 мај 2014 година, на следнава е-адреса: newenergy@tuwien.ac.at.

Конкурс за избор на идејно решение за дизајн на заштитен знак (лого) за Фонд за иновации и технолошки развој 
13.05.2014
Се известуваат заинтересираните студенти дека е објавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Фондот за иновации и технолошки развој.

За изборот на најдобар дизајн на заштитен знак (лого) ќе одлучува Управниот одбор на Фондот. Конкурсот трае до 31 мај 2014 г., а на поединецот или групата студенти на наградениот дизајн ќе се додели парична награда во вредност од 15.000 денари.

Повеќе информации во Конкурсот во прилог.

Летна школа од областа на молекуларната медицина 
13.05.2014
Интердисциплинарниот центар за клиничко истражување на Универзитетската болница во Јена ги поканува младите научници од целиот свет да учествуваат на Летната школа од областа на молекуларната медицина, која ќе се одржи во периодот од 18 август до 18 септември 2014 година во Јена, Германија.

Школата нуди одлична можност за запознавање со истражувачки наслови од областа на молекуларната медицина, како и со модерни лабораториски техники. Покрај ова, организираните социјални настани ќе им овозможат на учесниците запознавање со културниот живот во Јена и околината. 

Дополнителни информации во однос на Летната школата може да се добијат на следнава интернет-страница: http://www.summerschoolmolmed.uni-jena.de/cms. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 25 мај 2014 година.

Конкурс за учество на меѓународната работилница „Борба против насилството врз жените и децата“ 
24.04.2014
Министерството за надворешни работи на Израел и Израелската агенција за развој на меѓународната соработка МАШАВ, во соработка со Меѓународниот центар за обука The Golda Meir Mount Carmel објавуваат Конкурс за учество на меѓународна работилница на тема: „Борба против насилството врз жените и децата“. Работилницата, која ќе се одржи во периодот од 28 јули до 14 август 2014 година, во Хаифа, Израел, ќе им овозможи на учесниците да учат од најдобрите практики во областите на интервенцијата и начелата поврзани со превенцијата на насилството врз жените и децата.

Стипендијата за учество во работилницата покрива: предавања, посети, пишан материјал, користење на библиотека и интернет, сместување, исхрана и посета на културно - историски места.

Дополнителни информации во однос на работилницата, како и формуларот за аплицирање се достапни на следнава интернет-страница: www.mctc.org.il. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 20 мај 2014 година.

Награден натпревар Награди за истражувања во 2014 година 
24.04.2014
Од Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи, преку Министерството за образование и наука, е доставено известување до Универзитетот дека Централната банка на Република Турција објавува награден Конкурс под наслов: „Награди за истражувања во 2014 година“. Кандидатите можат да учествуваат со академски трудови на следниве теми: „Турска економија“, „Економиите на земјите во развој“ и „Централно банкарство“.

Крајниот рок за пријавување на натпреварот е 12 мај 2014 година.

Подетални информации за учество може да се добијат на следнава интернет-страница: www.tcmb.gov.tr

Стипендии за студирање на студиската програма од втор циклус студии по југоисточноевропски студии на Универзитетот Каподистриа, Р. Грција 
31.03.2014
Универзитетот Каподистриа од Атина, Р. Грција објавува Конкурс за стипендирање на 25 кандидати за студиите од втор циклус по југоисточноевропски студии на Факултетот за политички науки и јавна администрација, на Универзитетот Каподистриа, Р. Грција, во учебната 2014/2015 година.

Наставата во рамките на оваа студиска програма се изведува на англиски јазик, а право на аплицирање имаат студенти кои завршиле прв циклус студии по социологија, политика, економија, антропологија, политичка и општествена историја и балкански студии на високообразовна институција во Грција или во друга држава, со дипломи нострифицирани од Хеленик Нарик.

Заинтересираните кандидати апликациите ги доставуваат до Секретаријатот на програмата, најдоцна до 30 мај 2014 година. Дополнителни информации во однос на потребната документација за аплицирање можат да се добијат на следниве интернет-страници:


Меѓународен натпревар за фотографии „Интеркултурни средби“ 
25.02.2014
Амбасадата на Република Австрија информира за Меѓународниот натпревар за фотографии „Интеркултурни средби“.
Краен рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 28 февруари 2014 година.

За повеќе информации:
http://www.bmeia.gv.at/en/foreign-ministry/foreign-policy/international-cultural-policy/dialogue-of-cultures.html

Заинтересираните кандидати своите податоци и бараните материјали може да ги испратат на следниот e-mail: dialog@bmeia.gov.at

Стипендии за писатели од Централната европска иницијатива 
18.02.2014
Централната европска иницијатива, во соработка со Асоцијацијата на писатели на Р. Словенија, во рамките на Меѓународниот фестивал на литературата во Виленица, доделува стипендии за писатели за периодот септември 2014 – септември 2015 година.

Стипендиите имаат за цел да ја поттикнат прекуграничната соработка и промоција во областа на литературата, меѓу млади автори од земјите од Централна Европа, кои не се членки на Европската унија. Стипендијата изнесува 5000 евра за три месечен престој во една од земјите-членки на Централната европска иницијатива (ЦЕИ), по избор на кандидатот.

Право за аплицирање имаат писатели на возраст до 35 години (родени по 1979 година) од земјите членки на ЦЕИ, кои не се членки на Европската унија (Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, Црна Гора и Украина).

Крајниот рок за аплицирање е 30 април 2014 година, а дополнителни информации во однос на процедурата за аплицирање и за стипендијата можат да се добијат на следнава интернет-страница:


Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик 
07.02.2014
Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка доделува стипендии за учество на четворица кандидати од Р. Македонија на летни школи по чешки јазик, во рамките на проектот за словенски студии кои традиционално се одржуваат во Плзењ и Брно (по 2 кандидати).

Министерството за образование и наука во Скопје треба да предложи 8 кандидати (4 кандидати и 4 заменици), при што во процесот на селекција предност треба да имаат оние со добро познавање на чешкиот јазик, а со оглед на природата на летните школи.

Комплетната документација на кандидатите треба да се достави до Конзуларното одделение на Амбасадата на Р. Чешка, најдоцна до 10 март 2014 година, на следнава адреса: ул. Козле 20 a, 1000 Скопје.

Потребните формулари, како и останати информации во врска со летните школи се достапни на следнава интернет-страница: www.mzv.cz/skopje

Втора меѓународна конференција во рамките на Летната школа во Дебрецен, Унгарија 
30.01.2014
Летната школа во Дебрецен, Унгарија објавува јавен повик за презентација на трудови на тема Меѓусебните односи меѓу земјите и културите во Централна Европа и земјите каде се зборува англискиот јазик во рамките на втората меѓународна конференција. Интередисциплинарната конференција, организирана од страна на високообразовни институции од Централна Европа е наменета пред сè за млади научници, чијашто главна професионална цел е да изградат интелектуален мост на подобро разбирање меѓу Централна Европа и државите каде што се зборува англискиот јазик.

Конференцијата ќе се одржи во Дебрецен, за време на традиционалната Летна школа за јазик и култура во автентична меѓународна средина. Со оглед на тоа што темата е прилично широка, главниот стремеж е на едно место да се соберат голем број научници, со посебен акцент на докторанди и млади научници.

Крајниот рок за аплицирање со испраќање апстракт од најмногу 200 зборови е 20 мај 2014 година на следнава електронска адреса: debrecen@nyariegyetem.hu.

Повеќе информации се достапни на следнава интернет-страница: http://www.nyariegyetem.hu/

Грантови за иновативни научно-истражувачки проекти во зелената хемија 
30.01.2014
Руската индустриска компанија PhosAgro и Меѓународната унија за чиста и применета хемија (IUPAC) во рамките на Спогодбата за петгодишно партнерство меѓу УНЕСКО и PhosAgro доделуваат грантови за иновативни научни истражувачки проекти за зелената хемија (Partnership in Green Chemistry for Life)

УНЕСКО/ PhosAgro грантовите во висина до 30.000 долари се доделуваат за иновативни истражувачки проекти во зелената хемија кои се предложени од млади научници до 35 години.

Краен рок за првиот повик за пријавување е 28 февруари, 2014 година.

Подетални информации на следната web адреса:
http://www.unesco.org/new/en/natural-sciences/science-technology/basic-sciences/chemistry/green-chemistry-for-life

За евентуална апликација за грантовите треба да се информира и Националната комисија на Унеско при Министерството за култура.

Известување за стипендии за студиски програми од сите циклуси за учебната 2014-2015 година од страна на Унгарскиот одбор за стипендии 
21.01.2014
Унгарската влада, во соработка со Унгарскиот одбор за стипендии доделува стипендии на студентите од Р. Македонија, за студирање на трите циклуси студии (додипломски, постдипломски и докторски студии) за учебната 2014/2015 година.

Претселекцијата на кандидатите ја врши Министерството за образование и наука во Скопје. Разгледаните и рангирани апликации треба да бидат доставени од страна на Министерството во електронска и во печатена форма на адреса на Унгарскиот одбор за стипендии при Институтот „Баласи“, најдоцна до 31 март 2014 година.

Стипендијата за студиските програми на додипломски и постдипломски студии изнесува 40 460 унгарски форинти месечно, а 100 000 унгарски форинти за стипендистите на докторски студии.

Повеќе информации во врска со стипендиите се достапни на следнава интернет-страница:
 www.campushungary.org/study-finder

ПРЕСТОЈ и ПРАКСА НА СТУДЕНТИ ВО ЦЕРН 
02.01.2014
Долгогодишната соработка меѓу Европскиот Центар за Нуклеарни Истражувања (ЦЕРН) во Женева, Швајцарија и Националната Агенција за Нуклеарни Технологии на Република Македонија (НАНТ) секоја година овозможува престој и пракса на студенти во ЦЕРН во склоп на летните школи. Така и летната 2014 школа на ЦЕРН им ги отвора вратите на македонските студенти да аплицираат за учество.

Условите за пријавување што треба секој студент да ги исполнува се:
  •    ● просек > 9
  •    ● познавање на англиски јазик
  •    ● препораки од двајца професори
  •    ● кратка биографија (CV)

Заинтересираните студенти треба да ги пратат документите на НАНТ до 10 јануари 2014 година и тоа на info@nant.gov.mk.

Известување за Конкурс за интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид 
30.12.2013
Министерството за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија објавува Конкурс за интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи за учебната 2014/2015 година на Дипломатската школа во Мадрид.

Кандидатите треба да поседуваат задоволително знаење на шпанскиот јазик (диплома за шпански како странски јазик DELE, средно ниво) и да положат приемен тест кој ќе се спроведува во Амбасадата на Шпанија во Скопје, до 20 април 2014 година.

Школарината за интеруниверзитетските магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи изнесува 1000 евра.

Пријавата и останатата документација треба да се достави во Амбасадата на  Шпанија во Скопје најдоцна до 31 јануари 2014 година.

Повеќе информации во врска со магистерските студии се достапни на следнава интернет-страница: http://www.exteriores.gob.es/Portal/es/Ministerio/EscuelaDiplomatica/Paginas/MasterInteruniversitarioDiplomaciaRelacionesInternacionales.aspx

Оглас за продажба на ситен инвентар по пат на јавно наддавање 

Врз основа на Одлуката бр. 05-1064/1 од 02.12.2013 год., за продажба на ситен инвентар, сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се распишува следниот оглас:

Оглас

НАСТАПИ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ 

22 ноември 2013  

Целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл на АКУД „Мирче Ацев“ на Регионалната конференција на студентите од правните факултети од поранешните југословенски републики, со претставување на македонските традиционални носии
Хотел Континентал - 21,30 ч.

6 декември 2013

Учество на Фолклорниот ансамбл на АКУД „Мирче Ацев“ на Регионалната фолклорна смотра во Гевгелија
(7 ансамбли од РМ)
Гевгелија (Театар - сала)  - 19,30 ч.

10 декември 2013

Учество на Фолклорниот ансамбл на АКУД „Мирче Ацев“ на Меѓународната балканска манифестација на фолклорни ансамбли од Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и од Македонија
Дом на АРМ - 20,00 ч.

12 декември 2013
Целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл и Хорот на АКУД „Мирче Ацев“
Дом на АРМ - 20,00 ч.

Информација за стажирање во Р. Чешка 
13.11.2013
Консултантската компанија и агенција за меѓународна мобилност и обуки QUALO нуди голем број позиции за стажирање во Р. Чешка и други држави, за лично и професионално надградување на студентите. Кандидатите можат да аплицираат за стажирање во различни области, во согласност со нивните академски, професионални и лични интереси.

Стажирањата се неплатени, но нивно финансирање може да се реализира на различни начини, меѓу кои и програмата на Европската унија за доживотно учење (Еразмус+ од 2014 година).

Повеќе информации во врска со стажирањата се достапни на следнава интернет-страница: www.qualo.eu.

Универзитетски саем на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје 
04.11.2013
Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во рамките на Саемот на студии во Франција и франкофонски студии во регионот 2013, организираат универзитетски саем кој ќе се одржи на 8. ноември 2013 г. (петок). Целта на саемот е да им овозможи на француските универзитети и елитните високи школи, како и на универзитетите од јужниот регион на Балканот кои нудат франкофонски студии, да ја презентираат својата богата програма на студентите, заинтересирани за универзитетско образование во европска средина.

Саемот, исто така ќе им овозможи на студентите да се информираат за начинот на студирање во Франција, како и за прашања поврзани со поддршката која може да им биде дадена во текот на реализацијата на дел од универзитетското образование во оваа држава.

Официјалното отворање на саемот е на 8 ноември 2013 г., во Домот на АРМ, со почеток во 12,30 часот.

Награда „Герда Хенкел“ 
31.10.2013
Секоја втора година, Фондацијата „Герда Хенкел“ ја доделува наградата  „Герда Хенкел“ за најдобро спроведено истражување во областа на хуманистичките науки, чијшто износ е 100 000 евра.

Номинирани можат да бидат светски реномирани истражувачи од областите промовирани од страна на Фондацијата, и тоа: археологија, историја на уметност, историски исламски студии, историја, историја на правото, историја на науката, праисторија и рана историја. Номинациите треба да бидат доставени најдоцна до 31 јануари 2014 година. Номинирани, исто така можат да бидат кандидати и од следниве области: „Исламот, модерната држава и транснационалните движења“ и „Безбедноста, општеството и државата“.

Дополнителни информации во врска со наградата, како и за процесот на селекција можат да се добијат на следнава интернет-страница: www.gerda-henkel-stiftung.de/prize.

 

Последни новости

23-07-2014 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
за утврдување на предлог за член во Програмскиот совет на МРТ

12-05-2014 - 65 години УКиМ
Покана за присуство на свеченостите по повод одбележувањето на 65-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на 24 Мај - патрониот ден на Универзитетот.

06-05-2014 - Ј А В Е Н П О В И К за избор на стручни лица
Советот за јавни набавки врши запишување на стручни лица во Регистарот на стручни лица по области на специјализација...

04-04-2014 - Отворен ден - запознајте го УКиМ
Петок, 11.04.2014 - Универзитетски кампус (Ректорат)

03-03-2014 - К О Н К У Р С
за доделување на наградата „Св. Кирил и Методиј“ за 2014 година

24-02-2014 - КОНКУРС
за утврдување на предлог за член во Програмскиот совет на МРТ

23-01-2014 - Започна процесот на евалуација на Универзитетот

29-11-2013 - ИНТЕРЕН КОНКУРС
за распределба на финансиски средства за организирање културни манифестации и спортски активности на ниво на УКиМ за учебната 2013/2014 година

22-11-2013 - СООПШТЕНИЕ
ПРОЕКТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ - НАЈДОБАР МЛАД НАУЧНИК

14-11-2013 - ПРОМОТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
НА ERASMUS MUNDUS Action 2 ПРОГРАМИТЕ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ И НАСТАВНИЦИ

13-11-2013 - Есенска студентска планинарска тура

Есенската студентска планинарска тура „Водно 2013” се одржува 29-ти пат по повод „13 Ноември” - Денот на ослободување на град Скопје