Стручен совет за докторски студии

Членови на Стручниот совет за докторски студии:

1. Проф. д-р Вујица Живковиќ, проректор за настава, претседател
2. Проф. д-р Владимир Петрушевски, проректор за наука
3. Проф. д-р Владимир Димчев, Факултет за електротехника и информациски технологии
4. Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен факултет „Јустинијан Први“
5. Проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски, Факултет за земјоделски науки и храна
6. Проф. д-р Соња Топузовска, Медицински факултет
7. Проф. д-р Вероника Шендова, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија


Докторските студии се координираат од страна на Стручен совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кој, пак се формира од страна на Универзитетскиот сенат.

Составот, надлежностите и начинот на работа на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се утврдени со Статутот на Универзитетот, со актот за неговото формирање и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Универзитетскиот стручен совет за докторски студии:
- на Универзитетскиот сенат му предлага студиски програми за докторски студии, врз основа на предлозите на единиците и на придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии. Претходно мислење до Сенатот дава Ректорската управа на Универзитетот;
- ги координира докторските студии на Универзитетот;
- се грижи за обезбедување на квалитетот на докторските студии;
- се грижи за поврзување на постојните и поттикнување на нови докторски студии;
- до Ректорската управа доставува предлог за конкурсот за запишување студенти на докторски студии, врз основа на предлозите на единиците и на придружните членки кои вршат високообразовна дејност за докторски студии (број на студенти, износ на школарина и други елементи на конкурсот);
- ја потврдува ранг-листата за прием на студенти по конкурсот за студирање на докторски студии;
- ја утврдува листата на ментори;
- по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува листата на изборни предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување;
- ја координира наставата на предметите за стекнување генерички знаења и вештини за истражување;
- ја координира организацијата на докторски семинари и годишни конференции;
- се грижи за реализација на Правилникот, за што донесува упатства и други општи и поединечни акти;
- врши и други работи утврдени со Правилник и работи што ќе му бидат доверени од Универзитетскиот сенат.

Стручните, административните и техничките работи за потребите на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии се вршат од страна на  Стручната служба на Универзитетот.

 

Последни новости

20-06-2018 - Градежен факултет - Скопје
одржани 16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство и Семинар под наслов “Управување со ризици во тенелоградбата”

12-06-2018 - КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2018/2019 година

12-06-2018 - Од доделувањето на
награди за најдобрите студенти на УКИМ

11-06-2018 - Предавање
„Математичари, Мистици, Чуда“

05-06-2018 - 8.6.2018, петок, 11.00ч., Ректорат на УКИМ
УКИМ ги наградува најдобрите студенти

31-05-2018 - Предавање
под наслов: „Пребришани умови, испрани мозоци“

31-05-2018 - Од одбележувањето на
69-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот

07-05-2018 - Светски ден на креативноста и иновативноста
21 Април 2018 година

07-05-2018 - П О К А Н А
по повод одбележувањето на 69-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот.

02-05-2018 - Учеството на Правниот Факултет
на меѓународниот натпревар по меѓународно право Philip Jessup

25-04-2018 - ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ
5.5.2018 / 10:00 - 17:00 / Кампус на технички факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ)