Инфо блок

Поставена: 29-02-2024 10:30  
Алатката на Вештачката интелигенција
Алатката на Вештачката интелигенција, ChatGPT, го обиколи светот со брзина на светлината, со што само во првите месеци од неговото лансирање постигнува 100 милиони корисници. Вештачката интелигенција е област која рапидно се развива. Таа е веќе присутна и во високото образование, преку наставата, истражувањата, па дури и во процесот на администрацијата. Многу од Универзитетите низ Европа и САД, веќе воспоставиле свои политики во врска со овие нови случувања во високото образование, посебно имајќи во предвид дека истите носат предизвици, како и етички дилеми во однос на академскиот интегритет. Некои универзитети храбро ги прифаќаат овие нови текови во развојот на светот, други рестриктивно им пристапуваат. Токму поради тоа, УКИМ би сакал да не е нем на случувањата кои не опкружуваат, кои доколку во овој момент не не засегаат во голема мерка, сигурно тоа ќе се случи во блиска иднина. Со овој настан нудиме едно запознавање и отворање на дебата околу ова прашање, која сигурна сум ќе продолжи и долго после овие презентации.
Прашањата околу користењето на вештачката интелигенција одат многу подалеку од само генерирање текстови за научни статии или „мамење“ на испит. Тие се однесуваат на универзитетските вредности на сите нивоа, но и на истражување на новиот однос помеѓу луѓето и машините.
Како Универзитет, мора храбро да го прифаќаме и соодветно одговараме на темпото на развој и промените кои се случуваат во високото образование, науката и технолошкиот развој во Светот и тоа да го сфатиме како дел од наш континуиран развој.
Преку развивање на академска култура која е заснована на критичко размислување и свесност за времето во кое живееме, со навремено запознавање на функционирањето, можностите и ризиците на вештачката интелигенција, треба да ни биде добра подготовка за иднината со ChatGPT.
Оваа тема ја отвораме на УКИМ, како Универзитетот во државава кој има одговорност прв да поставува прашања на важни теми, а се надевам дека со ова ќе поттикнеме и поширока дебата на ниво на држава.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје