Универзитет

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 7 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје постојат студиски програми во сите научни области - природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравствoто, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите. Истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот. 

Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени повеќе од 60.000 студенти од Република Македонија во прв и втор циклус на студии, како и повеќе од 700 странски студенти. Третиот циклус - докторски стдуии се реализира во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ, со вкупно 1071 студенти. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработнички, како и административни кадри.

Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 150.000 високостручни кадри, над 10.000 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.

Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности, организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично.

 

Последни новости

20-06-2018 - Градежен факултет - Скопје
одржани 16-тата Европска-подунавско конференција за геотехничко инженерство и Семинар под наслов “Управување со ризици во тенелоградбата”

12-06-2018 - КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за академската 2018/2019 година

12-06-2018 - Од доделувањето на
награди за најдобрите студенти на УКИМ

11-06-2018 - Предавање
„Математичари, Мистици, Чуда“

05-06-2018 - 8.6.2018, петок, 11.00ч., Ректорат на УКИМ
УКИМ ги наградува најдобрите студенти

31-05-2018 - Предавање
под наслов: „Пребришани умови, испрани мозоци“

31-05-2018 - Од одбележувањето на
69-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот

07-05-2018 - Светски ден на креативноста и иновативноста
21 Април 2018 година

07-05-2018 - П О К А Н А
по повод одбележувањето на 69-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот.

02-05-2018 - Учеството на Правниот Факултет
на меѓународниот натпревар по меѓународно право Philip Jessup

25-04-2018 - ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ
5.5.2018 / 10:00 - 17:00 / Кампус на технички факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ)