Јавна одбрана на докторски дисертации

Општествени науки - Филозофски факултет  

1. На 3 мај 2017 година (среда), со почеток во 10.00 часот во Сала за седници, кандидатот м-р Јован Манасијевски, ќе брани докторска дисертација, со наслов:

„Стратегиските партнерства на Европската унија како инструмент на Заедничката надворешна и безбедносна политика во контекст на мултиполарниот поредок“

 
2. На 9 мај 2017 година (вторник), со почеток во 11.00 часот во Сала за седници, кандидатот м-р Оливер Стојаноски, ќе брани докторска дисертација, со наслов:
 
„Националната безбедносна политика на САД и карактеристиките на воените интервенции на Блискиот Исток“
 


Институт за македонска литература 

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Радомир Поповски јавно ќе ја брани докторската дисертација

Улогата и влијанијата на дадаистичките културни и уметнички премостувања во Модерната и нивното натамошно значење
 
на 10 април 2017 година (понеделник) во 12.00 часот во Салата за седници на Институтот.



Општествени науки - Филозофскиот факултет 

1. Ве информираме дека  ден на 5 април 2017 година (среда), со почеток во 11.00 ч. во Сала за седници на Филозофскиот факултет во Скопје, м-р Борче Чамински ќе брани докторска дисертација, со наслов: „Геополитичко значење и зашита на енергетската инфраструктура на Република Македонија од асиметрични закани“

2. Ве известуваме дека на 8 февруари 2017 година (среда), со почеток во 10.00 ч. во Сала за седници на Филзофски факултет во Скопје, м-р Севиљ Муаремоска Абдули ќе брани докторска дисертација, со наслов: „Улогата на Парламентот во контрола и надзор на работата на безбедносниот сектор на Република Македонија“


Машински факултет 

Машинскиот факултет во Скопје, соопштува дека м-р Марија Чекеровска, јавно ќе ја брани својата докторска дисертација, под наслов:
 
“Експериментално и нумеричко истражување и оптимизација на перформансите на 
подвижен сончев колектор”
 
Одбраната на докторската дисертација ќе се одржи на ден 25.01.2017 година (среда) со почеток во 12:00 часот во Сала за состаноци на Машински факултет во Скопје.

Филолошкиот факултет „ Блаже Конески“ во Скопје 

На ден 28.12.2016 година (среда) со почеток во 10.00 часот, кандидатот м-р Зибер Лата, во салата за седници на Факултетот  ќе ја  брани докторската дисертација под наслов:

„Преводите на „Куранот“ на албански јазик (лингвистичка анализа)“

Научно подрачје: Техничко - технолошки науки 

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Технолошко-металуршки факултет Скопје објавува дека на 23.11.2016 година (среда) во 11 и 30 часот во Амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет во Скопје ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов:

„Синтеза и карактеризација на порозна Si02 – керамика добиена од дијатомеј со користење на ниско температурна хидротермална технологиј“

од кандидатот м-р Арианит Река.
Технолошко-металуршки факултет Скопје

Општествени науки - Институт за социолошки и политичко -правни истражувања 

На 9 ноември 2016 година ( среда) со почеток во 11:00 часот во големата сала на Институт за социолошки и политичко -правни истражувања , Скопје , м-р Бојан Блажевски ќе брани докторската дисертација  со наслов :

 Зависноста од глобалните медиуми кај надворешнополитичкото известување на весниците од Македонија, Словенија и Србија (1983-1989-2013)

Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје, Институт за социолошки и политичко -правни истражувања , Скопје



На ден 6 октомври 2016 година (четврток), со почеток во 10.30 ч. во Сала за седници, м-р Валдета Зенуни Идризи ќе брани докторска дисертација, со наслов:

„Имплементација на формативното оценување на постигањата на учениците во основното училиште“

Општествени науки - Филозофски Факултет 


На
ден 24 јуни 2016 година (петок), со почеток во 12.30 ч. во Сала за седници, м-р Ајрула Јакупи ќе брани докторска дисертација, со наслов::

„Навлегување на италијанскиот капитал и неговата улога во Албанија од 1935-1939 година“


Ветеринарна медицина – Факултет за ветеринарна медицина 


На ден 30 мај 2016 година (понеделник), со почеток во 11.00 ч. во предавална 2, на Факултетот за ветеринарна медицина, м-р Мирко Проданов ќе брани докторска дисертација, со наслов:

„Процена на благосостојбата кај несилки и нејзиното влијание врз застапеноста на Salmonella во јатата“


Општествени науки - Филозофски Факултет  

На
ден 19 мај 2016 година (четврток), со почеток во 10.00 ч. во Сала за седници, на Филозофскиот факултет, м-р Беса Хавзиу ќе брани докторска дисертација, со наслов:

Слободните активности на учениците од средното образование“


Општествени науки - Факултет за физичко образование, спорт и здравје 


На 29.01.2016 год. (петок), со почеток во 12,00 часот, во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, кандидатот м-р Астрит Исени, јавно ќе ја брани докторската дисертација со наслов:
 
„Влијание на експлозивната сила врз ефикасноста на резулатите  во спринтерските
трчања кај ученици од 14 годишна возраст”

Биотехнички науки – Факултет за ветеринарна медицина 

На 15.01.2016 година (петок), со почеток во 11 часот во предавална бр. 2 на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатот м-р Сандра Мојсова јавно ќе ја брани докторската дисертација со наслов:

„Ентерококи од македонски сирења: Структура на популација, антибиотска резистентност, биогени амини и присуство на бактериоцини и вирулентни детерминанти“


Безбедност, одбрана и мир - Филозофски факултет 

На 9 ноември 2015 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот во Салата за состаноци на Филозофскиот факултет во Скопје, кандидатот м-р Тони Наумовски, јавно ќе ја брани докторска дисертација, со наслов:

„Влијанието на политиката на НАТО за развој на одбранбените способности врз реформите во одбранбениот сектор: примерот на Република Македонија и Република Словенија“

Математички науки и примена - Природно-математички факултет 


На ден 20.5.2015 г. (среда), со почеток во 11.00 часот на Институтот за математика, ППриродно-математички факултет  во  Скопје,  кандидатот  м-р Мирко Петрушевски, дипл. геод. инж.  јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов:

,,Боења и хомоморфизми на графови”

Градежништво - Градежен факултет 


На ден 28.5.2015 г. (четврток), со почеток во 17.00 часот во Амфитеатарот на  Градежниот  факултет  во  Скопје,  кандидатот  м-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, дипл. геод. инж.  јавно ќе ја брани докторската дисертација под наслов:

,,Анализа на состојбите со нелегалните градби и предлог на прогресивен модел за нивно администрирање во катастарските системи”

Машинство - Машински факултет

На ден 27 мај 2015 година, (среда) со почеток во 12:00 часот во Салата за состаноци на Машински факултет во Скопје, м-р Филип Здравески, дипл.маш.инж., јавно ќе ја брани својата докторска дисертација, под наслов:

“Динамичко однесување на високи витки метални конструкции со вграден динамички апсорбер на вибрации под дејство на ветар”

Медицина - Медицински факултет 

 
1. дипл. фармацевт Татјана Петрушевска, ќе ја брани својата докторска дисертација на ден 21.05.2015  година (четврток) со почеток во 10.00 часот во просториите на амфитеатарот во деканатот на факултетот на тема:

"Употреба на бензодијазепини кај пациенти на метадонски третман",

2. м-р Валентина Велкоска-Накова, ќе ја брани својата докторска дисертација на ден 22.05.2015  година (петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на амфитеатар IV (интерна медицина) на тема:

"Евалуација на ефектот од тироидна супституциона терапија на левовентрикуларната систолна и дијастолна функција кај супклинички хипотироидизам",

3. д-р Аце Додевски, ќе ја брани својата докторска дисертација на ден 26.05.2015 година (вторник) со почеток во 13.00 часот во просториите на амфитеатарот во деканатот на факултетотна тема:

"Морфолошки карактеристики и клиничко значење на вертебробазиларниот систем",

4. м-р Андромахи Наумовска, ќе ја брани својата докторска дисертација на ден 28.05.2015  година (четврток) со почеток во 09.00 часот во просториите на амфитеатарот во деканатот на факултетотна тема:

"Влијание на социоемоционалното приврзување врз личноста и сликата за себе кај младите со анксиозни растројства"