Зимски школи

Четврта зимска школа 





Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, ја најавува 4. Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, којашто ќе се одвива на далечина (онлајн) преку платформата  Zoom од  22 јануари до 26 јануари (од понеделник до петок) 2024 година.

Наставата ќе се одвива во две Секции:
  • Македонски јазик (лекторски вежби);
  • Македонска книжевност и култура (предавања, лекторски вежби и Преведувачка работилница).

Покрај наставата, ќе има и три средби со познати македонски писатели. Учесници на школата може да бидат: македонисти, слависти, балканолози, филолози, раководители на катедри на универзитетите во странство, предавачи, лектори и афирматори на македонистиката во светот.

На следниот линк е достапна електронската Пријава, а пријавувањето е до 10 јануари 2024 година.

Со почит,

Меѓународен семинар за македонски јазик,
литература и култура при УКИМ во Скопје

Трета зимска школа 

  1. Свечено отворање на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, во чест на Ацо Шопов
  2. Презентација на „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ
  3. „Македонија е во светот“ со стиховите на Ацо Шопов
  4. Свечено затворање на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, во чест на Ацо Шопов


Втора зимска школа 


Прва зимска школа 

  1. Пригодно обраќање на г. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, претседател на Р Северна Македонија

  2. Пригодно обраќање на г-ѓа. МИЛА ЦАРОВСКА, министерка за обазование и наука на Р Северна Македонија

  3. Поздравна реч на проф. д-р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

  4. Поздравна реч на проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје

  5. За Конески од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје

  6. Прошетка низ Битола со камерата и низ приказната на лекторката м-р Биљана Стојановска

  7. Затворање на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје

  8. Конески во виножито од јазици