Инфо блок

Поставена: 22-10-2021 13:34  
Преку синергија на теоријата со праксата,
УКИМ И КХВ ЌЕ СОРАБОТУВААТ ВО ОБЛАСТА НА ПАЗАРОТ ЗА КАПИТАЛ
Денеска 22.10.2021 година, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Jанкуловски  и  Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија м-р Нора Алити потпишаа Меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и обезбедување достапност на професионална размена на стручност и искуства за професорите и студентите на УКИМ во областа на пазарот на капитал и хартиите од вредност.

Универзитетот и Комисијата се согласија да соработуваат со широк спектар на активности и иницијативи за едукацијата и подобрувањето на знаењето и стручноста со особен осврт на специјалистичките и магистерските студии, како и во делот на сертификацијата од значење за спроведување на едукацијата од областа за пазар на капитал и хартии од вредност, како и слични форми на стручно професионално и академско информирање од областа на пазарот на хартии од вредност и поврзување на теоријата со праксата за потребите на студентите.

УКИМ и КХВ поставија основа за долготрајна партнерска соработка за воспоставување на  стручна неформална едукација за студентите од прв и oд втор циклус на студии во областите на економијата, финансиите, деловното и финансиското право, пазарите на капитал и финансиските инструменти согласно домашните и меѓународните регулативи.

Меѓу другото, за потребите на наставно - научниот процес, може да се изведува практична настава се со цел да им се обезбеди на студентите можност да се стекнат со практични знаења и вештини, како и со работно искуство кое ќе ја зголеми нивната конкурентност и ќе им помогне при вработувањето во иднина.

Покрај тоа, Комисијата за хартии од вредност врз основа на утврдената академска процедура може да даде стручно мислење за изготвени дипломски, магистарски и докторски трудови од областа на пазарот на капитал, домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, финансиските инструменти, финансиското работење и менаџментот.

На тој начин, УКИМ и Комисијата ќе работат на финансиска едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Република Северна Македонија. Во престојниот период ќе се реализираат и заеднички семинари и конференции поврзани со пазарот на капитал. При тоа ќе се овозможи размена на стручна литература од областа на домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, хартиите од вредност и финансиските инструменти. Воедно, заеднички УКИМ и КХВ ќе партиципираат во проекти кој ќе се аплицираат за финансирање од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови  од САД и од светот за развој на земјите од Западен Балкан. На тој начин ќе се создаде во континуитет креативна интелегенција, која ќе биде поттикнувач за секој поединец во функција на креирање на успех.

Целта на оваа соработка подразбира,меѓусебно помагање и подобрување на квалитетот на образованието во нашата држава, но пред сè вклученост на  студентите во практичната настава и работење.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје