Инфо блок

Поставена: 15-07-2021 14:30  
На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Денес, 15 јули, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, застапуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, и Организацијата на работодавачи на Македонија, застапуванана од претседателката д-р Владанка Трајкоска, во просториите на УКИМ потпишаа Меморандум за соработка

Со овој Меморандум за соработка, договорните страни се стремат да го уредат својот меѓусебен однос и да ја предвидат својата долгорочна соработка и меѓусебна поддршка во понатамошните активности преку имплементирање на заеднички проекти со цел да се задоволат потребите од високостручен кадар во сите сегменти на приватниот и јавниот сектор, континуирано приспособувајќи се на динамичните промени во овој домен, како и зголемување на интересот на приватниот сектор за дипломците на Универзитетот.

Со потпишувањето на овој Меморандум, договорните страни ја изразуваат подготвеноста за предметната соработка, врз основа на заемна доверба и разбирање и се согласни соработката да ја темелат врз начелата и постапките, предвидени со овој Меморандум.

Во согласност со овој Меморандум, ќе се изгради долготрајна партнерска соработка помеѓу договорните страни, а соработката ќе се однесува на следното:
  • реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите;
  • анализи за потребите од профили на кадри на пазарот на трудот;
  • реализација на заеднички проекти и вклучување на претставници на бизнис-заедницата во процесите на осовременување на студиските програми и креирање нови студиски програми во согласност со потребите на пазарот на трудот;
  • развој на форми на доквалификација и преквалификација за потребите на бизнис-секторот;
  • заедничко учество и признавање на добиените крајни вредности од: работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати и обуки;  
  • помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областите на: здравство, образование, право, финансии, банкарство, менаџмент, претприемаштво, ИТ, нови технологии и др.;    
  • заедничка партиципација во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови за развој на земјите од Западен Балкан;
  • создавање, во континуитет, на креативна интелигенција која ќе биде водич или стимулатор за секој поединец во функција на креирање на успех.


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје