Инфо блок

Поставена: 02-02-2021 22:01  
На УКИМ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Почитувани,

Водени од заедничката заложба за остварување и јакнење на нераскинливата врска помеѓу стопанството и достигнувањата во високото образование и науката, во насока на општествениот развој и подигнување на степенот на соработка во иднина, Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, преку кариерниот центар THRIVITY, на 2.02. 2021 година потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.

Целта на соработката е приближување на приватниот сектор со наставно-образовните институции, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практиканство, подготовка на студентите за прво вработување, приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар.

Соработката ќе се реализира преку постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на:
  • соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар;
  • приближување (вмрежување) на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор;
  • воведување на Универзитетот: и THRIVITY-кариерен ден;
  • train the trainer-програма (оспособување на студентите за пренесување на стекнато знаење во областа кариерно советување и практиканство);
  • стипендирање на постдипломци на Универзитетот.

Исто така, ќе се организираат работни посети, конференции, работилници и други облици на размена на искуства и знаења, како и одржување на заеднички средби со учество на трети страни и меѓународни организации.


Универзитет „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје