Инфо блок

Поставена: 01-09-2020 11:30  
Потпишан за Меморандумот за соработка помеѓу УКИМ и ОКТА
ОКТА ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ОВОЗМОЖУВА СТИПЕНДИРАЊЕ НА ПОСТДИПЛОМЦИ НА УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и компанијата ОКТА АД – Скопје четврта година по ред потпишаа Меморандум за соработка. Потпишаниот Меморандумот значи продолжување на повеќегодишната соработка меѓу Универзитетот и ОКТА, преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и поддршката од страна на компанијата на различните активности поврзани со унапредување на наставно-образовните процеси.

Со соработката ќе биде овозможено стипендирање на вкупно 5 студенти на втор циклус студии од следниве факултети: Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршкиот факултет и Природно-математичкиот факултет. Право да аплицираат за стипендија имаат кандидатите кои првпат ќе запишат втор циклус едногодишни студии во првиот уписен рок од учебната 2020/2021 година.

И годинава, иницијативата за доделување на овие стипендии токму на овие факултети потекна од самата компанија. На овој начин, компанијата симболично ги отсликува како сопствените потреби, така и кадровските приоритети. „ОКТА останува цврсто посветена на поддршката на образованието во држава. И покрај тоа што кризата со COVID-19 има негативно влијание речиси врз сите бизниси, како општествено одговорна компанија одлучивме да ја продолжиме традицијата на доделување стипендии за втор циклус студии. Веруваме дека на овој начин ќе им помогнеме на амбициозните студенти да го надградат своето образование, бидејќи токму актуелната ситуација нѝ покажа дека инвестициите во нови знаења се од клучно значење“, - изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.  

Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски по овој повод изјави: „Особено сме горди што соработката со бизнис секторот, како една од главните стратегиски цели на УКИМ, успешно се одвива и во време кога сите со соочуваме со кризата предизвикана од корона вирусот. Се разбира, ние постојано се стремиме да им обезбедиме квалитетно образование на нашите студенти, бидејќи на тој начин најдобро придонесуваме во изградбата на успешни млади луѓе кои ќе придонесат за идниот развој на државата и на општеството“.

Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје