Инфо блок

Поставена: 04-06-2019 14:32  
Во Ректоратот на УКИМ
ОДРЖАНА АКАДЕМСКА ДЕБАТА НА ТЕМА „ВЛИЈАНИЕТО НА ЕУ ИЗБОРИТЕ ВРЗ ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
На 3 јуни 2019 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во организација на Македонското политолошко друштво и Универзитетот беше одржана академска дебата на тема „Влијанието на ЕУ изборите врз процесот на интеграции на Западен Балкан со посебен осврт на Република Северна Македонија”.

На почетокот свои обраќања имаа ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски и претседателот на Македонското политолошко друштво доц. д-р Марјан Ѓуровски. Во своето излагање, ректорот Јанкуловски нагласи:

Неколку претседатели и премиери, десетици министри за европски прашања и за надворешни работи, стотици членови на собраниските состави, научници и истражувачи, илјадници државни службеници ги вложија своите кариери, лични и политички, и дел од својот живот (некој подолго, некој пократко) и ги вградија во темелите на иднината и европската перспектива на Република Северна Македонија. Процесот кон ЕУ е долг процес што не застанува со застапување и членство, напротив, процесот продолжува поинтензивно. За да имаме институции и граѓани способни да покажуваат, но и да имплементираат вредности и пракси кон патот на ЕУ, образованието е клучно.

Воведничар на дебатата на која присуствуваа професори и студенти од факултети од државните Универзитети, беше aмбасадорот на Франција Н.Е. Кристијан Тимоние, а свои излагања имаа и: проф. д-р Иван Дамјановски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност - Скопје, проф. д-р Горан Илиќ од Правниот факултет  во Кичево, проф. д-р Ило Трајковски од Филозофскиот факултет, проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет во Скопје, м-р Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања при Владата на РСМ, проф. д-р Ветон Љатифи од Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Даниела Мамучевска од Економскиот факултет во Скопје и проф. д-р Ризван Сулејмани од Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје.

Имајќи ги предвид резултатите од ЕУ изборите, академската дискусија во полната сала во Ректоратот даде одговор на дел од прашањата за влијанието на новиот состав во Европскиот Парламент врз процесот на зачленување на Република Северна Македонија и регионот во ЕУ, како и најавениот почеток на преговорите со нашата држава.


Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје