Севкупен победник на Универзитетските спортски игри на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ од Скопје е Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Во измнатите три месеци, секојдневно во текот на неделата студентите на УКИМ имаа можност да ги одмерат свои сили во кошарка, мал фудбал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција. Викендите беа резервирани за петте инивидуалните спортови во машка и женска конкуренција (стрелаштво, шах, пинг понг, куглање и тенис).
Треба да се напомене дека на годинешните Универзитетски спортски натпревари учествуваа околу 1.300 студенти од факултетите кои што се дел од УКИМ, што преставува досега најмасовно учество и претстаува потврда за високата свест на студентската младина за практикување на физичка активност.
По одигрувањето на финалните натпревари во мал фудбал, ракомет и кошарка во машка конкуренција, следуваше церемонијата на свеченото доделување на наградите на најуспешните.
Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, напомена дека: „Овие Универзитетски лиги претставуваат најдобра промоција на самите Универзитети во случајов нашиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, односно промоција на самата држава. Од година во година учествуваат се поголем број студенти кои што имаат можност да ги покажат своите таленти и најдобро да го промовираат спортот во неговото вистинско светло“ – заврши ректорот проф. д-р Јанкуловски.
Присутните ги поздрави и организаторот на Универзитетските спортски натпревари, деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, која што потенцираше дека: „студентите се веќе отидени чекор понапред, свеста кај нив за практикување на здрав начин на живот е на едно повисоко ниво и можеме да се гордееме со нашиот Универзитет, кој што се стреми да создава здрава млада нација и здраво општество.“
Пехари доделија: ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, проректорот – проф. д-р Вујица Живковиќ, како и деканите на: Филозофскиот факултет – проф. д-р Ратко Дуев, Природно-математичкиот факултет – проф. д-р Ицко Ѓоргоски, Факултетот за електротехника и информациски технологии – проф. д-р Димитар Ташковски, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – проф. д-р Иван Чорбев и Градежниот факултет – проф. д-р Дарко Мославац.
Наградата за ФЕР ПЛЕЈ ја доби Филозофскиот факултет.
Честитки до добитниците на наградите, како и до сите оние кои што зедоа активно учество на годинешните Универзитетски спортски натпревари на УКИМ. Универзитетскиот спорт претставува најголем амбасадор на нашата држава и по својот квалитет сѐ повеќе се доближува до врвниот спорт.
РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕНЕШНИТЕ ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
МАЛ ФУДБАЛ – мажи
ФФОСЗ – Филозофски ф. 2 : 0
РАКОМЕТ – мажи
ФФОСЗ – Медицински ф. 25 : 19
КОШАРКА – мажи
ФФОСЗ – Филозофски ф. 98 : 51
ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ НА УКИМ 2019
- ЕКИПНИ СПОРТОВИ -
МАЛ ФУДБАЛ – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФФОСЗ
2. Филозофски факултет
3. Градежен факултет
МАЛ ФУДБАЛ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Филозофски факултет
2. ФФОСЗ
3. ФИНКИ
КОШАРКА – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФФОСЗ
2. Филозофски факултет
3. Градежен факултет
КОШАРКА – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФИНКИ
2. ФФОСЗ
3. Медицински факултет
РАКОМЕТ – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФФОСЗ
2. Медицински факултет
3. Филозофски факултет
РАКОМЕТ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФЕИТ
2. ФИНКИ
3. ФФОСЗ
ОДБОЈКА – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФЕИТ
2. ФИНКИ
3. ФФОСЗ
ОДБОЈКА – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. ФЕИТ
2. ФФОСЗ
3. Економски факултет
- ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ -
СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНА ПУШКА – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Димитриевски Иван – Архитектонски факултет 80
2. Тасевски Ѓорѓија – Технолошко-металуршки ф. 79
3. Павловски Стефан – Правен факултет 72
СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНА ПУШКА – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Балабан Нина – Правен факултет 80
2. Митревска Елена – Факултет за ветеринарна медицина 74
3. Гаштаровска Ана – Факултет за музичка уметност 48
ШАХ - МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Николовски Давид – ФИНКИ
2. Стојчевски Мартин – ФЕИТ
3. Ставров Вешки Димитар – ФЕИТ
ШАХ - ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Николовска Драгана – ФИНКИ
2. Јеринчева Анастазија – Стоматолошки факултет
3. Пандева Љупка – ПМФ
ПИНГ ПОНГ – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Стојанов Венко – ФИНКИ
2. Џаковиќ Владимир – Фармацевтски факултет
3. Атанасов Бобан – ФЕИТ
ПИНГ ПОНГ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Станковска Анета – Медицински факултет
2. Стаменковска Ангела – Медицински факултет
3. Каракаш Искра – Фармацевтски факултет
ТЕНИС – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Иванов Коста – ФФОСЗ
2. Пандазиев Томи – ФИНКИ
3. Гулевски Андреј – Машински факултет
ТЕНИС – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Голубова Благица – ФИНКИ
2. Крстевска Ања – ФЕИТ
3. Стоилковска Елена – ФЕИТ
КУГЛАЊЕ – МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Синадиновски Филип – Економски Факултет
2. Тодоровски Николче – ФФОСЗ
3. Стојанов Теодор – Економски факултет
КУГЛАЊЕ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
1. Симјановска Наталија – Економски факултет
2. Беќири Блерта – Градежен факултет
3. Коцевска Симона – Економски факултет