Инфо блок

Поставена: 31-05-2017 10:32  
На фестивалот „HARMONIE“ во Германија
ПЕТ НАГРАДИ ВО ПЕТ КАТЕГОРИИ ЗА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“
АКУД „Мирче Ацев“ се врати од Германија со пет освоени награди од пет пријавени категории. Имено, Академскиот хор, Ансамблот за народни ора и песни и Народниот оркестар при АКУД „Мирче Ацев“  беа учесници на меѓународниот фестивал "HARMONIE", кој се одржува на секои шест години во градчето Линденхолцхаузен – Лимбург. Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: категорија - мешани камерни хорови со обврзна композиција, категорија – фолклорни песни и категорија – фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар), Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на играорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри.

Академскиот хор во силната конкуренција освои бронзена награда во категоријата – камерни мешани хорови, сребрена награда во категоријата – фолклорни песни и прво место-златна награда во категоријата фолклорни хорови. Ансамблот за народни ора и песни ја освои сребрена  награда, а исто така и Народниот оркестар ја освои сребрената награда.

Овие награди се дотолку позначајни поради фактот што на фестивалот "HARMONIE" оваа година учествуваа 218 хорови и фолклорни ансамбли од целиот свет, со околу 3000 учесници.

Фестивалот се одржа под покровителство на Канцеларот на Германија – Д-р Ангела Меркел.

По завршувањето на официјалниот дел на Фестивалот, ансамблите на АКУД „Мирче Ацев“ изведоа заеднички концерт со домаќините од малите гратчиња Швабенхеим и Ворштад.
 
Диригентот и членовите на хоровите - домаќини за заедничкиот концерт рекоа дека имале сензационален концерт со сите ансамбли на „Мирче Ацев“ и дека се горди што ги имале како гости на концертот во Ворштад.





Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје