На ден 16.12.2022 година, беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравството и општествените науки.
На свечен и традиционален начин, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Промоцијата на доктори на наука беше одржана во големата сала на Ректоратот, со почеток во 13,00 часот.
Во доктори на наука беа промовирани следните кандидати:
- Маре Стевковска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пластичната и реконструктивната хирургија
- Бојан Бошковски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на неврологијата
- Татјана Делева Стошевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на неврологијата
- Влатко Коколански, доктор на науки по јавно здравство
- Никола Бакрачески, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на кардиологијата
- Маја Аврамовска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гинекологијата и акушерството
- Еџевит Кадри, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на хирургијата
- Драган Ѓорѓиевски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на семејната медицина
- Емилија Лазарева, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на онкологијата и радиотерапијата
- Марија Манева Ристовска, доктор по стоматолошки науки – ортодонција
- Ирена Гавриловиќ, доктор по стоматолошки науки – ортодонција
- Филип Тантуровски, доктор на стоматолошки науки – стоматолошка протетика
- Теута Довољани, доктор на стоматолошки науки – орална хирургија
- Тања Дејаноска, доктор на стоматолошки науки – стоматолошка протетика
- Симона Тошевска, доктор на стоматолошки науки – орална медицина и пародонтологија
- Дарко Велјановски, доктор на стоматолошки науки – орална медицина и пародонтологија
- Милка Кабранова Јосифова, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
- Симона Зориќ Ристова, доктор на политички науки
- Анастасија Трајковска, доктор на социолошки науки, научна област – социологија на окружувањето
- Марија Ѓошева–Ковачевиќ, доктор по организациски науки и управување (менаџмент)
- Јасна Пајковска, доктор на социолошки науки, научна област – социологија на организација
- Имране Сулејмани–Зибери, доктор на социолошки науки, научна област – социологија на организација
|