Инфо блок

Поставена: 23-09-2022 14:51  
Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ ја потпишa новата Магна Карта на универзитетите - Magna Charta
РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ВО ТЕРМИНОТ ОД 15 И 16 СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА, УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈУБИЛЕЈНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОЛОЊСКАТА ОБСЕРВАТОРИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БОЛОЊА
Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски во терминот од 15 и 16 септември 2022 година, учествуваше на јубилејната конференција на Болоњската обсерваторија при Универзитетот во Болоња, Италија и ја потпиша новата  Магна карта на универзитетите (Magna Charta Universitatum - MCU 2020).На конференцијата, универзитетските лидери од целиот свет  се обединија за да ја реафирмираат и потпишат новата Magna Charta Universitatum.
Што се смени во новата Магна карта? Оригиналните принципи на автономија и независност остануваат, но вклучува вредности и одговорности кои се од витално значење за јакнење на улогата на универзитетите во зачувувањето на планетата и промовирање на здравјето, просперитетот и просветлувањето низ целиот свет.
Првата Магна Карта на универзитетите која беше потпишана во 1988 година, но контекстот во кој егзистираат универзитетите се промени. Светот стана меѓусебно поврзан на начин незамислив во  далечната 1988 година, а предизвиците со кои се соочуваат универзитетите се многу покомплексни. Оттука, по глобалните консултации, подготвена е нова верзија на Magna Charta Universitatum која беше званично промовиранана овој настан.Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е потписник на првата и на најновата Магна Карта.      
Имено, Magna Charta Univesitatum,претставува декларација и афирмација на основнитепринципи врз кои треба да се темели мисијата на универзитетите, првично беше потпишана во 1988 година по повод 900-годишнината од основањето на Универзитетот во Болоња. Првиот принцип е независност: истражувањата и наставата мора да бидат интелектуално и од морална гледна точка независни од какво било политичко влијание и економски интерес. Вториот принцип е дека наставата и истражувањата треба да бидат неразделни, преку студентите кои се вклучени во потрага по знаење и поголемо разбирање. Третиот принцип го идентификува универзитетот како место за истражувања и дебати, истакнувајќи се со отвореност за дијалог и отфрлање на нетолеранцијата.
Оттогаш светот стана меѓусебно поврзан на начин што беше незамислив во времето на првата декларацијаИ покрај овие измени, постои потенцијал високото образование да биде фактор за промени и општествена трансформација. Принципите поставени во Magna Charta Univesitatum имаат иста важност како и во 1988 година, и се неопходен предуслов за напредокот на човекот преку истражување, анализа и ефикасно дејствување. Драматичните промени што се погоре опишани, налагаат глобалната академска заедница да ги идентификува одговорностите и обврските за кои потписниците се согласуваат дека се од витално значење за универзитетите во 21 век.
Универзитетите потврдуваат дека имаат одговорност да се справат и да одговорат на аспирациите и предизвиците во светот и на заедниците, да  користат на човештвото и придонесуваат кон одржливиот развој.
Интелектуална и етичка автономија е заштитен знак на секој универзитет и предуслов за исполнување на обврските кон општеството. Оваа независност мора да биде признаена и гарантирана од владите, како и од општеството во целина.
Во декларацијата се нагласува дека преку  ширење на образованието, универзитетите ги преиспитуваат догмите и доктрините , стимулирајки критичко размислување кај сите студенти и професори. Академската слобода е нивната животна сила, отворените прашања и дијалози се нивна изворна поткрепа.
Со потпишување на Magna Charta Univesitatum 2020, универзитетите ја потврдуваат својата посветеност кон оригиналната декларација афирмирајќи ја заложбата за зачувување и унапредување на принципите, вредностите и одговорноста, утврдени погоре,  со цел за јакнење на  улогата на универзитетите во зачувување на планетата, промовирајќи здравје, просперитет благосостојба и знаење во целиот свет.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје