Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски и Фармабренд нова, Скопје, Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови, претставувана од извршниот директор д-р Мануела Стојановиќ-Пејовски, на ден 10.12.2021г. потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
Целта на овој Меморандум е воспоставување на долготрајно партнерство помеѓу Универзитетот и Асоцијацијата на претставниците на странски производители на иновативни лекови, кое ќе овозможи јакнење на врската помеѓу здравствениот систем и достигнувањата во високото образование и науката.
Меѓу другото, оваа соработка ќе се темели на заемна доверба и разбирање, врз основа на заложбата за унапредување на здравствениот систем, како и образовниот систем во земјава. Во рамките на оваа соработка ќе се воспостави постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на:
• реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите;
• заедничко учество во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користење на меѓународните фондови за развој на земјите од Западен Балкан;
• заемно помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областа на здравството.
Притоа, Универзитетот и Асоцијацијата на претставниците на странски производители на иновативни лекови се обврзаа да ја одржуваат и продлабочуваат меѓусебната соработка со заедничко учество на работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати, обуки и слично.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје