Инфо блок

Поставена: 18-08-2022 08:46  
Отвори документ: PROGRAMA_55_letna_shkola_MSMJLK.pdf
Јубилејна 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
УЧЕСТВО НА ШЕЕСЕТ СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ДРЖАВИ
Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата којашто ќе трае до 2 септември учествуваат најголем број семинаристи последниве години – шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави, коишто во Охрид се дојдени со цврста решеност да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. На Школата има семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република. Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и нови посветеници на македонистиката коишто искажуваат подготвеност да остварат влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот.

Инаку, големиот интерес за Школата со најголем број учесници последниве години е уште една потврда за зголемениот интерес за македонистиката во меѓународната академска заедница, особено на водечки високообразовни центри, со залагања од МСМЈЛК при УКИМ и посветена работа на лекторатите по македонски јазик. Во исто време, зголемениот интерес се должи и на залагањата на посветениците на македонистиката од странските универзитети со коишто изминативе години, соработката и дополнително се интензивираше, вклучително и преку нови форми на соработка со МСМЈЛК при УКИМ.

Па така, по неколку години, на Школата, повторно има семинаристи од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција. Инаку, најголем број семинаристи на Школата ќе има од Полска, меѓу коишто се и студенти на  Факултетот за хуманистика во Сосновјец на Шлезискиот универзитет во Катовице, на којшто следната година ќе се одбележат 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик. Значајно е и што на Школата ќе има семинаристи и од високообразовните центри на коишто следната академска година, исто така ќе се случат значајни јубилеи за македонистиката – Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Франција, на којшто ќе се одбележи половина век од отворањето на лекторатот по македонски јазик и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека на којшто лекторатот по македонски јазик е отворен пред 15 години.

Свеченото отворање на јубилејната, 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ е закажано на 19 август 2022 година, со почеток во 12 часот. На отворањето, свечени обраќања ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на отворањето на Школата е најавена и промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

Програмата на 55. Летна школа се очекува на семинаристите да им овозможи и нови видици и да ги поттикне на нови истражувачки потфати за македонистиката, опфаќајќи и сегменти од македонската култура коишто претходно не биле дел од програмските содржини на школите на МСМЈЛК при УКИМ.

Од нивното пристигнување во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид на 17 август па сè до 2 септември, семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава и веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани.

Школата се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура, а за првпат и со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука, додека дел од програмските активности се под покровителство на Општина Охрид и Општина Вевчани. Годинава, за првпат, со поддршка за Школата се вклучија и општествено одговорни компании – „Тиквеш“, „Алкалоид“ и „Кожувчанка“, коишто за сите семинаристи обезбедија свои производи брендирани со логото на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

По 55. Летна школа ќе следи 49. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе е одржи на 4 и 5 септември 2022 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. На Конференцијата, акцент ќе биде ставен на „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески по повод 70 години од нејзиното објавување и на творештвото на Васил Иљоски и Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски.

Јубилејот 55 години непрекинато одржување на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ е исклучително значаен не само за македонскиот јазик, литература и култура, туку и за нашата држава воопшто, затоа што токму на оваа Школа се изнедруваат нашите најголеми поддржувачи и културни амбасадори во светот –  странски македонисти.
Останати вести

 

 

Состав на УКиМ

ФАКУЛТЕТИ

Архитектонски факултет
Градежен факултет
Економски факултет
Машински факултет
Медицински факултет
Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“
Правен факултет „Јустинијан Први“
Природно-математички факултет
Стоматолошки факултет
Технолошко-металуршки факултет
Факултет за ветеринарна медицина
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Факултет за драмски уметности
Факултет за електротехника и информациски технологии
Факултет за земјоделски науки и храна
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Факултет за ликовни уметности
Факултет за музичка уметност
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Фармацевтски факултет
Филозофски факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“

ИНСТИТУТИ

Економски институт
Земјоделски институт
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Институт за сточарство и рибарство

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ЈАВНИ НАУЧНИ УСТАНОВИ

Институт за македонска литература
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за национална историја
Институт за фолклор „Марко Цепенков“

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ - ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИИ

Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје
Државен студентски дом „Пелагонија“ - Скопје
Државен студентски дом „Томе Стефановски - Сениќ“ - Скопје
Државен студентски центар „Скопје“ - Скопје
З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје
Универзитетски спортски сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје