летна школа


* П Р И Ј А В А *


Почитувани,

    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година во периодот од 17 август до 2 септември 2022 година ќе ја организира 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Наставата ќе се одвива со секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот. Исто така, предвидени се секојдневни тематски предавања, кои ќе ги изведуваат универзитетски професори и истакнати научни работници. 
      Во вечерните часови е предвиден термин за презентации, промоции и интерактивни настани  со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини ќе се промовираат најнови научни и книжевни изданија, ќе се овозможат средби со познати македонски автори, ќе се овозможи проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата.
Во рамките на Меѓународниот семинар, од 4 до 5 септември ќе се одржи 49. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката.
    Доследно почитувајќи ја традицијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку предвидените активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во периодот од 17 август до 6 септември 2022 година во Охрид – градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено прераснува во летен Универзитет по македонистика.

Организатор

    Летната школа ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
msmjlk@ukim.edu.mk
www.ukim.edu.mk/msmjlk

Предавачи и лектори

    На Летната школа лекторските часови и предавањата ќе ги реализираат универзитетски професори и научни работници од повеќе единици во состав на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Лектори ќе бидат наставници и соработници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, кои се обучени за одржување настава по македонски јазик како странски, согласно стандардите на Европската рамка за изучување на јазиците и кои ги користат методите и стандардите на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски.

Програма

    Летната школа се реализира преку секојдневни лекторски часови поделени според нивото на познавање на јазикот и нивниот интерес на почетно, средно и напреднато рамниште (со три поднивоа: јазик, литература и превод).

Локација

    55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ ќе се одржи во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  оддалечен (7км) од градот Охрид, сместен покрај брегот на Охридското Езеро.
 
Членови на организациски тим
проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска
м-р Евдокија Илијевска


Контакт
- Поштенска адреса: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, бул. Гоце Делчев бр. 9, 1000 Скопје
- број на телефон: +389 2 32 93 232
- електронска адреса: msmjlk@ukim.edu.mk
 
Директор на Меѓународниот семинар
Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска


 

Последни новости

20-05-2022 - Со положување свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј
ОДБЕЛЕЖАНИ 73-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

20-05-2022 - По повод 75 години Институт за педагогија при Филозофскиот факултет
ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНИЦИЈА ВО ОХРИД

20-05-2022 - Економскиот институт во Скопје
ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО

19-05-2022 - Во Ректоратот на УКИМ
ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ НА НАЈДОБРО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА И НА СТУДЕНТИТЕ - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „26 ЈУЛИ“ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ФРАНК МАНИНГ“

13-05-2022 - Програма
ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ

12-05-2022 - На Економскиот институт во Скопје
СВЕЧЕНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 70-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

09-05-2022 - На техничкиот кампус на УКИМ
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА GREDIT 2022

21-04-2022 - Macedonian Veterinary Review
КЛАСИФИЦИРАН ВО ESCI НА WoS

21-04-2022 - Од активностите на Бизнис акцелераторот

14-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКИ - 14.4.2022

12-04-2022 - На УКИМ
НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!

07-04-2022 - Зборуваме отворено за наука
„НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!“

05-04-2022 - На УКИМ
ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРИ НА НАУКА

24-03-2022 - На МТВ
ЕМИСИИ ЗА „ОТВОРЕНА НАУКА“