Основна дејност
Семинарот има четири основни дејности:
- организирање и грижа за работата на лекторатите по македонски јазик во странство;
- организирање на летна школа со курсеви по македонски јазик и предавања од областа на македонскиот јазик, литература и култура;
- организирање научна конференција на теми од македонскиот јазик и македонската литературата;
- сопствена издавачка дејност за потребите на лекторатите, летната школа и научната конференција.
Управа на Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура:
Малку историја
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година.
Досега се одржани 40 летни школи, на кои учествувале повеќе од 3000 учесници од над 45 земји меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик по нашите лекторати во светот.
Во претходниот период со Семинарот раководеле:
- Александар Спасов 1968-1970
- Божидар Видоески 1971-1977
- Томе Саздов 1978 - 1983
- Кирил Конески 1984-1985
- Томислав Тодоровски 1986-1989 и 1997-2000
- Коста Пеев 1990-1993
- Максим Каранфиловски 1994-1996 и 2001-2005
- Емилија Црвенковска 2006 -