информации

ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕМИНАРИСТИТЕ 

Локација на Конгресниот центар на УКиМ - Охрид

52 летна школа на Meѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржи од 4 август до 23 август 2019 година во Охрид во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје - (поранешно Универзитетско одморалиште). Конгресниот центар се наоѓа во с. Коњско на 7 км од центарот на Охрид по патот кон Св. Наум.

Од Охрид до Конгресниот центар можете да се стигне со автобус или со такси. На секои 15 до 20 минути има автобуси од Градската автобуска станица во Охрид кон с. Коњско. Може да се користат автобусите кои одат кон: Св. Наум, Пештани и Елшани. Треба да се слезе на станицата кај хотелот Метропол. Конгресниот центар е веднаш помеѓу станицата и езерото.

Доколку се патува со автомобил, Охрид се наоѓа на 170 km од Скопје. Детален опис како да се стигне до Охрид има на следниов линк


Ако во Скопје се пристигне со авион од Скопскиот аеродром може да се користи такси до Охрид или до Скопје. Веб страницата на Скопскиот аеродром е: http://www.airports.com.mk. Цената на такси услугата од Скопскиот аеродром до Скопје (автобуска станица) е околу 800 ден (13 евра).