Стипендии

Стипендии за курсеви по германски јазик во Баварија 2024 година 

Баварскиот академски центар за Централна, Источна и Југоисточна Европа распишува Конкурс за германски јазични курсеви на високообразовните институции во Баварија за 2024 година. Стипендиите покриваат школарина, сместување и оброци.

Студентите и младите високообразовани лица во сите дисциплини со ниво на познавање на германски јазик од најмалку B1 од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Словенија и Украина можат да аплицираат за стипендии за летен курс BAYHOST. Во моментот на аплицирање, студентите треба да имаат завршено најмалку два семестра и да бидат државјани на соодветната држава од каде аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е 21 март 2024 година, а апликациите се поднесуваат исклучиво преку онлајн форма.

Дополнителни информации за процесот на аплицирање и јазичните курсеви се достапни на интернет-страницата, како и на ФБ профилот

За студенти чие родителско право го врши само еден родител 

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 282. седница одржана на 20.6.2023 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година (линк)

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година. (линк)


За студенти запишани во прва година на прв циклус студии 

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 33. седница одржана на 27.6.2022 г. донесе Одлука да се доделат  240 стипендии, распоредени по 10 за секој факултет, наменети за студентите запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2023/2024 година. (линк)