Денес, во Ректоратот на Универзитетот,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот на тема „Обезност“, што Центарот за кариера на УКИМ во соработка со Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје, го започна во септември 2022 година, поддржан со едукативно-финансиски грант од компанијата Ново Нордиск Фарма.
Целта на овој проект е да се поттикнат и унапредат истражувачкиот потенцијал и капацитет кај студентите, како и мотивација на студентите за активности надвор од редовната студиска програма.
Со оглед на фактот дека последните децении обезноста добива загрижувачки размери и карактер на пандемија во светски рамки, знаењето, размислувањата и новите идеи на студентите, преточени во оригинални и креативни проектни решенија можат да допринесат за подигнување на јавната свест за превенција и надминување на проблемот со обезност.
На денешниот настан беа презентирани 7 селектирани проектни решенија, а од нив 3 проектни решенија добија награди во форма на едукативно-финансиски грант.
I награда: | Чекор 2
Наташа Букреска, Мартина Савовска, Медицински факултет, УКИМ во Скопје | II награда: | Превенција и намалување на обезност во РСМ
Маргарита Танева, Боби Ацевски, Тања Стефановска, Петар Стефановски, Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје | III награда: | Неинвазивна модулација на хуманиот гастроинтестинален микробиот – нова можност во третман на обезноста
Анастасија Петличковска, Деспина Кочова, Елиза Жоговска, Медицински факултет, УКИМ во Скопје |
Настанот заврши со коктел од молекуларна гастрономија приготвен од тимот на студенти на проф. д-р Јана Клопчевска од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.
|